ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Одржана е работилница за новинарите за користење на статистичката алатка НБСтат

June 9, 2023 14:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Како институција веруваме дека нашата мисија може да биде остварена само со  јасно и објективно пренесување на нашите ставови и одлуки во јавноста, а тоа е речиси невозможно без поддршката од страна на медиумите. Водејќи се од овој принцип, бевме втората земја во светот којашто учествуваше во пилот-проектот на ММФ за оцена на транспарентноста на Народната банка во согласност со најновиот кодекс за транспарентност на централните банки. Позитивните оцени се нашиот поттик за натамошни вложувања во оваа сфера”, истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, отворајќи ја работилницата за новинарите на која беа презентирани можностите коишто ги нуди НБСтат.

Ангеловска-Бежоска се осврна на заложбите на Народната банка за постојано јакнење на својот институционален капацитет во областа на статистиката, со што се придонесува за јакнење на процесот на донесување одлуки на економските чинители, особено при носењето политики за одржување на макроекономската стабилност. Притоа гувернерката истакна: „Изготвувањето и дисеминацијата на статистичките податоци во согласност со највисоките стандарди е наша стратешка определба. Благодарение на нашите напори и вложувања, станавме една од осумнаесетте земји коишто го исполнуваат највисокиот статистички стандард на  ММФ ‒ СДДС плус”.

Обуката ја спроведоа Бојана Јосифовска и Бобан Нешковиќ, експерти од Дирекцијата за статистика при Народната банка, предводени од директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика Султанија Бојчева-Терзијан, која обраќајќи се пред новинарите нагласи дека: „Податоците имаат вредност само доколку се користат и се основа за донесување одлуки на индивидуите, претпријатијата, новинарите, истражувачите, носителите на економски политики. Оттука, оваа работилница за нас претставува значајна инвестиција за иднината, како и поголем квалитет во обезбедувањето производ што претставува јавно добро, а тоа се навремените, сеопфатни и квалитетни статистички податоци.”

На обуката присуствуваа новинари, претставници од голем број медиуми коишто известуваат во доменот на економијата. 

Одржаната работилница е дел од низата активности коишто Народната банка ги спроведува за поддршка на јасното и објективно пренесување на нејзините ставови и одлуки во јавноста. Со тоа, се придржува кон транспарентноста и отчетноста како фундаментални принципи врз коишто отсекогаш се темелело работењето на Народната банка. Тоа е процес во којшто улогата на новинарите и нивната потреба за јасна, поткрепена и точна информираност е огромна. 

Tags: НБСтатновинари
Next Post

Градежните фирми лани потрошиле 11,123 милијарди денари за градежни материјали и енергија

Shortcut

Најново

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

Државата турка монопол на игрите на среќа, кој има интерес од тоа?

June 23, 2026

Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

June 23, 2026

Загадување нема, економска штета нема. Нема случај во случајот „Мазут“

June 23, 2026

Винарија Душа на Ohrid Wine Festival 2026: вино, „Суперхикс“, „Меморија“ и уште многу изненадувања

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk