Три годишната Влера ја победи леукемијата! Најсреќен сум кога ги враќаме насмевките на нашите најмали. Се зголемува бројот на излекувани деца од малигни заболувања, напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.
На клиниката за детски болести работи посветен и стручен тим кој го дава својот максимум за подобро здравје на нашите деца, на нашите најмали борци! – додава министерот.





