ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Српски актери цел на напади од властите поради поддршка на протестите „Србија против насилството“

June 13, 2023 13:38
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Во Белград од 18:00 часот пред Собранието на Србија ќе се одржи петтиот протест „Србија против насилството“, точно еден месец откако 13-годишник уби девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во главниот град на Србија./Фото: МИА

Во Белград од 18:00 часот пред Собранието на Србија ќе се одржи петтиот протест „Србија против насилството“, точно еден месец откако 13-годишник уби девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во главниот град на Србија./Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Актерите во Србија кои го поддржаа граѓанскиот бунт и се приклучија на масовните протести „Србија против насилството“, поттикнати од масовни убиства во две престрелки на почетокот на мај, станаа цел на напади од властите и провладините медиуми – од навреди во Парламентот до закани на социјалните мрежи.

Протестите против насилството во политиката, јавниот простор и медиумите почнаа неколку дена по убиството на деветте ученици и чувар во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, и масовното убиство на осум млади луѓе еден ден подоцна во две села во близина на Белград.

Актерите го поддржаа бунтот на граѓаните кои, заедно со проевропската опозиција, ја гледаат Владата за одговорна за промовирање и толерирање насилство, неморал и омраза во прорежимските медиуми и јавниот простор, а многу од нив директно се вклучија говорејќи на протестни собири и учество во веќе шест ппротести досега во кои десетици илјади луѓе еднаш неделно го блокираат центарот на Белград и ги опколуваат државните институции.

Актерите се најдоа на удар на претставниците на владејачката коалиција предводена од Српската напредна странка – од објавувањето на наводните милионски хонорари што им биле платени за филмови и ТВ серии, па се до нарекувањето „ѓубриња“ од парламентарната подиумот и на ТВ во живо.

Потоа следеа закани на социјалните мрежи со предупредување да внимаваат на децата, до инцидент со оштетени автомобили и текстови за погром во прорежимските медиуми. Актерите, меѓу другото, се обвинети за антидемократско уривање на државата и уставниот поредок и за антицивилизациски дела против телевизиите со национална фреквенција чии програми промовираат насилство, омраза и неморал.

По тие напади, актерите објавија проглас и го прочитаа пред публиката по театарските претстави, поради изречените лаги, клевети и навреди на нивна сметка во Парламентот најавија кривична пријава, но порачаа и дека нема да се откажуваат во изразувањето на својата волја и мислење за длабоките поделби во општеството.

„Тој речник на омраза, погрдни имиња, прозивки и други работи веќе не важи. Единственото „оружје“ против тоа е – да не се плашиш. Ова не може да биде трка на сто метри. Нашата прошетка не може да биде трка на сто метри“, изјави актерката Милена Павловиќ.

Драмскиот писател и академик Душан Ковачевиќ оцени дека нападите врз актерите се „скандал и срам, демонстрација на арогантната моќ на властите и другите што ги следат во ова“.

Ковачевиќ, кој е и управител на театарот „Звездара“, за весникот „Данас“ изјави дека тие што им се закануваат на актерите не отишле во театар, а ако отишле, ништо не научиле.

„Оружјето на актерите се само зборовите и говорот, како најголем цивилизациски дострел на демократијата. Се боревме за слобода на говорот на сцената и во животот, а секој на кого таа слобода му пречи има сериозни проблеми со сопствениот живот. Ова е едноставно неприфатливо“, рече Ковачевиќ.

Тој оцени дека нападите врз актерите и луѓето кои се занимаваат со уметност и слобода на говор се погубни за секое општество, а општеството во Србија „цивилизациски се уназадува“.

„Ова што денес се случува кај нас не враќа цивилизациски назад, тоа е неприфатливо и слободно можам да кажам дека владата што го прави ова работи во корист на своја штета“, рече Ковачевиќ.

Управникот на Народниот театар во Белград, актерот Светислав Буле Гончиќ, ги осуди заканите упатени кон актерите во Србија и побара од сите да ја ублажат реториката.

„Најгласно го осудувам насилството од секаков вид, заканите кон актерите, загрозувањето на семејствата и децата, го осудувам политизирањето на содржините во чиј интерес и секаков вид притисок го сметам за „интелектуално насилство“ и барам од сите да ја ублажат реториката, изјави Гончиќ за весникот „Данас“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: напади од властитеподдршкапротестиСрпски актери
Next Post

Резолуцијата на Бундестагот за идентитетските прашања е само почеток во веригата од такви документи, вели Османи

НАЈНОВО

Претставување на современата македонска книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт

October 13, 2025

Спалети го состави својот ол-стар тим од најдобрите играчи што ги тренирал

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk