Демократската унија за интеграција (ДУИ) и предложи на опозицијата План од 3 точки, чија цел е да се реши политичкиот ќорсокак во земјата поради потребата да се изгласат уставни измени. Третата точка од овој план предвидува задолжителна истрага на политичките партии, почнувајќи од претседателите до сите други носители на јавни функции со присуство на експерти од меѓународната заедница, за да се обезбеди објективност и транспарентност на истрагата.
– Истрагата, односно условот на ДУИ за овој вид на истрага има за цел објективност во процесот, со што би се оставило крај на политичките пресметки и неоснованите политички обвинувања на одредени субјекти за учество во криминални активности на носители на јавни функции, велат од ДУИ.
Но, Дали лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе го помине ветингот на ДУИ?
Новинарот и познавач на политичките случувања во земјава, Ацо Кабранов за „Фронтлајн“ вели дека не може да обвини Мицкоски за криминал, кога самиот ги има ставено „прстите во мед“.
– Сите знаеме за хидроцентралите на опозицисикот лидер на ВМРO-ДПМНЕ. Приказните дека кога станал лидер ги продал не се точни, едноставно сопственоста ја префрлил само на хартија. И делчевските ниви, криминален проект на луѓе од врвот на ВМРо-ДПМНЕ и ЕВН не може да биде најмалку без негово знаење, а чувањето на предметот во обвинителските фиоки ми дава за право да се сомневам во неговата лична вмешаност. Има упте многу засега не подврдени и неистражени гласини за вмешаноста лично на Мицкоски во нив. Затоа ми е дегутантно кога секој втор ден зборува за луѓе од власта, мисли на СДСМ и ДУИ, дека се криминалци и дека има одговорност. Но одговорност може да бара и да осудува само чист човек односно политичар, изјави Кабранов за „Фронтлајн“.
Од друга страна, според политичкиот аналитичар, правник по вокација, Ќенан Алиу, условите на ВМРО-ДПМНЕ се непринципиелни, освен легитимното опозициско барање за предвремени избори.
– Третата точка на ДУИ никогаш нема да се реализира се додека не продолжана со американски политички мониторинг. Теориите за демократија и теориите за политичките партии и за политичките кризи ги дешифрираат можните решенија, но кај нас се случуваат работи и политички дејствија кои воопшто не соодветствуваат на гореспоменатите научни теории, туку едноставно политичките дејствија се спроведуваат во рамките на услови на партиски интереси, вели Алиу за „Фронтлајн“.
Политикологот Благојче Атанасоски вели дека со овој потег ДУИ ја стави опозицијата пред главниот чин.
– Предлогот на ДУИ е ставање пред свршен чин на лидерот на опозицијата, односно стеснување на маневарскиот простор за понатамошно различно толкување на преговорите меѓу власта и опозицијата, односно кој што прифатил. Мислам дека крајно време е да заврши оваа теленовелска сапуница, со меѓусебно обвинување кој што прифатил и зошто не, да се даде една чистина на процесот и да се види дали може да се оди напред со изгласувањето на уставните измени или пак тука да сопре сè, нагласува Атанасоски.
Инаку, покрај точката три, која предвидува задолжителен ветинг, ДУИ предложи и две други точки за излез од политичкиот ќорсокак во кој се наоѓа државата. Во точка 1 и 2, се вели:
„Опозицијата да ги подржи уставните амандмани кои би влегле во сила до одржување на втората меѓу-владина конференција.
ДУИ би се повлекле од сите позиции на Влада вклучувајќи и тоа што би го добиле дали од позиција или опозиција за време на Пржинската, односно техничката Влада, значи од сите можни позиции од идната техничка Влада.“
Дестан Јонузи