Со мирна совест можам да кажем дека сме направиле се за Северна Македонија да продолжи на патот кон европските интеграции, да го оствариме сонот за европска Македонија, за Северна Македонија членка на ЕУ, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Топ Тема.
Тие што ќе гласаат против и тие што ќе решат да си натметнат ново вето овој пат самите на себе тие ќе треба да даваат одговор на граѓаните зошто треба да чекаме уште десет години, а во меѓувреме Албанија, Србија, Црна Гора, Украина и Молдавија да одат напред и да станат членки на ЕУ, кажа Маричиќ.
Тој вели дека неговиот впечаток е дека првото гласање ќе биде успешно кога и да биде.
-Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против тоа е моето прашање. За уставните амандмани, дали ќе гласаат против? Бидејќи не гласаа против ниту за амандманите од Преспа, ја напуштија седницата, не гласаа против ни за францускиот предлог ја напуштија седницата по два дена трубење .. во Собранието, кажа вицепремиерот.
Тој додаде дека Владата ја разгледува иницијативата што е во Министерството за правда и ќе се оцени вистинскиот момент во дискусија на Влада кога е најсоодветно да се пушти таа иницијатива во процедура.
-Добро е доколку ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да учествува во неа да разговараме под кои услови, на кој начин би ја пуштиле дури и заеднички или со заедничка согласност, но за тоа треба да седнеме да разговараме и затоа е важно затоа секојдневно упатуваме да седнеме на разговор на кое ниво сакаат и со кого сакаат од нивна страна за да дојдеме до точниот календар како понатаму, истакна Маричиќ.
Тој додаде дека на секој од условите може да се изнајде сатисфакција кај ВМРО-ДПМНЕ, освен за оној кој излегува надвор од рамките на преговарачката рамка и заклучоците на Советот.