Кошаркарот на Феникс санс, Крис Пол сака да продолжи да игра во тимот од Аризона.
Ова желба самиот Пол ја кажа при претставувањето на својата книга која е посветена на дедото на кошаркарот.
– Апсолутно точно. Затоа сум овде сега, одговори Пол на прашањето дали сака да остане во Феникс.
На 7 јуни медиумите објавија информација дека 38-годишниот играч ќе биде избркан. Подоцна беше објавено дека Санс разгледуваат различни опции, вклучително и трејд за ветеранот.
Новиот тренер на тимот Франк Вогел коментирајќи ја веста за можно исклучување на Пол изјави дека „дошло до недоразбирање“.
Договорот на Пол за сезоната 2023/24 (30,8 милиони долари) ќе стане целосно загарантиран на 28 јуни.