ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Брисел донаторска конференција „Заедно за Албанија“

За време на посетата на Албанија во средната на минатиот месец еврокомесарот Вархеји најави дека на Албанија, ќе и биде дадена помош од 28 милиони евра.

February 17, 2020 08:36
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Брисел денеска ќе биде одржана донаторска конференција за обнова на Албанија под мотото „Заедно за Албанија“,  по катастрофалниот земјотрес, што ја погоди утрото на 26 ноември минатата година.

– Во 14:15 часот претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и албанскиот премиер Еди Рама ќе потпишат програма за поддршка на Албанија во реконструкцијата и рехабилитацијата на штетите од земјотрес во Албанија во вредност од 15 милиони евра. Потоа во 14:30 часот претседателката Лајен ќе ја отвори конференцијата заедно со премиерот Рама и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На конференцијата ќе бидат и еврокомесарот за соседска политика и преговори, Оливер Вархеји и комесарот за менаџирање со кризи, Јанез Ленарчич, пренесуваат албанските медиуми.

На конференцијата ќе учествуваат Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд, земјите членки на Европската унија, регионот на Западен Балкан и пошироко.

За време на посетата на Албанија во средната на минатиот месец еврокомесарот Вархеји најави дека на Албанија, ќе и биде дадена помош од 28 милиони евра.

– Ви соопштувам уште една добра вест, со оглед на добрата работа што ја направи Албанија. Од претпристапните фондови, ние сме во можност да ви дадеме 28 милиони евра. Ние предлогот го испративме до ЕП и верувам дека се ќе заврши многу наскоро, рече тој.

Министерот за надворешни работи на Холандија, Штеф Блок, изјави дека неговата земја ќе додели помош во висина од три милиони евра.

Премиерот Рама изјави дека очекува многу од Донаторската конференција.

-Тоа не значи дека на донаторската конференција ќе се соберат сите потребни средства, туку на ниво кое ќе има тежина во овој процес. Доколку се реализира ова ќе бидеме задоволни, рече Рама.

Проценетата материјална штета од земјотресот изнесува 985.074.906 евра.

 

Next Post

Дваесет наслови во првата селекција за наградата „Роман на годината“

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk