ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Американската крајбрежна стража во потрага по подморницата Титан: Им остануваат уште околу 40 часа воздух

June 20, 2023 20:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Foto: OceanGate

Foto: OceanGate

Share on FacebookShare on Twitter

Американската крајбрежна стража предмалку одржа прес-конференција на која извести за текот на потрагата по исчезнатата подморница Титан. Капетанот Џејми Фредерик од Првиот округ на крајбрежната стража изјави дека „тимовите за потрага работат деноноќно“ и дека во спасувачката операција соработуваат американската крајбрежна стража, американската морнарица и Канада.

„Крајбрежната стража ја нема сета потребна експертиза и опрема, поради што повикавме други агенции и земји да помогнат, вклучително и морнарицата на САД и канадските вооружени сили, рече Фредерик.

Тој нагласи дека на подморницата и останале уште околу 40 часа воздух за дишење и дека крајбрежната стража на последната позната локација на подморницата започнала нуркање со далечински управувано пловило (ROV) со камера. „Ако ја лоцираме подморницата, експертите ќе го разгледаат најдобриот начин да ја вратат на површината“, додава тој.

Франција ќе испрати брод опремен со брод за длабинско нуркање со цел да помогне во операцијата за потрага и спасување на исчезнатата подморница, соопшти денеска француската Влада.

Голема спасувачка акција е во тек во Атлантикот, откако исчезна туристичка подморница со пет лица во неа и која требаше да се нурне до остатоците на потонатиот брод Титаник.

Контактот бил изгубен 1 час и 45 минути по нејзиното нуркање, соопшти американската крајбрежна стража. Операцијата се води од Бостон.

Помеѓу петмината патници во подморницата се наоѓа и богатиот британски бизнисмен Хамиш Хардинг, директор на компанијата Action Aviation, пренесуваат агенциите. Утрово беше објавено дека меѓу нив е и основачот на OceanGate, компанијата која е сопственик на подморницата.

На својата веб-страница OceanGate Expeditions наведува дека мисијата за посета на Титаник е во тек од 12 до 20 јуни.

Подморницата е дизајнирана да може да однесе пет луѓе на длабочина од 4.000 метри, а вкупно со пет луѓе може да остане под вода 96 часа.

Г. Т.

Tags: американска крајбрежна стражаподморница Титанпотрага
Next Post

МНР осветлено во сина боја по повод Светскиот ден на бегалците

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk