ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Обединетите Нации не ги замениле знамињата на сите 193 држави со знамиња на ЛГБТИ

June 21, 2023 10:15
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фотографијата прикажана во постот е од Рокфелер центарот во Њујорк, а не од седиштето на Обединетите нации.  Оваа фотографија  е стара, од 2019 година и може да се пронајде овде

Вистиномер рецензира пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

На оние кои си дозволуваат да размислуваат, им е јасно дека ова е спроведување на уште една болна Агенда.

Потоа во склоп на објавата има фотографија од медиумски напис со наслов: Обединетите Нации ги заменија знамињата на сите 193 држави со знамиња на ЛГБТИ

Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, фотографијата е од Рокфелер центарот во Њујорк, а не од седиштето на Обединетите Нации.

Портпаролот на Обеинетите Нации, Ширин Јасин за Ројтерс вели дека знамињата на земјите членки на ОН не биле отстранети за Прајд 2023.

Единствените знамиња што ги има ОН се оние на 193 -те земји членки, вели таа во изјава за Ројтерс.

Фотографиите може да се пронајдат на следниот линк точно означени.

Знамињата во Рокфелер центарот често се заменуваат со тематски знамиња. На пример, минатиот април, националните знамиња беа заменети со знамиња на кои има храна.

Според објавеното на страницата на Рокфелер центарот, кампусот е декориран со прајд знамиња и бои во текот на јуни 2023 година, во чест на месецот на гордоста.

Проверувачите на факти на Асошиејтед Прес, пишуваат дека во Рокфелер центарот знамињата се менуваат, така што неодамна, биле изложени само американски знамиња.

На фотографијата не се прикажани знамиња пред ОН. Единственото знаме кое е пред зградата на ОН е тоа на 193-те земји членки и на самата организација, вели за Асошиејтед прес Стефан Дујариќ, лице за комуникација со медиуми на ОН.

Според него, тоа се нема променето од 1945 година.

Постот е објавен во текот на анти – ЛГБТ реториката и дезинформациите на оваа тема во текот на месецот на гордоста, јуни годинава.

Фотографијата во постот што го рецензираме, всушност е стара, од 2019 година и може да се пронајде овде.

Нејзиниот наслов гласи:

Знамиња со виножитото изложени на Рокфелер плаза, Њујорк, за да се одбележи 50 – от јубилеј од немирите во Стоунвол, 2019.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека Обединетите нации ги замениле знамињата на сите 193 држави со знамиња на ЛГБТИ.

Tags: дезинформацијазнамињаЛГБТИОбединети нации
Next Post

При претрес во Радовиш пронајдена марихуана

Shortcut

Најново

Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk