САД сериозно ги сфаќаат сите обвинувања и докази за корупција, изјави американската мабасадорка Аџела Агелер, во одговор на новинарско прашање за вќарашната одлука на Стејт департментот да го стави на црна листа градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.
Таа објасни дека вчерашното назначување на Мерко за непожелна личност во САД од државниот секретар Антони Блинкен, тоа е дел од американското право, кое бара државниот секретар да преземе мерки за санкционирање кога се презентирани докази за корупција.
„Со тоа на ова лице и на неговото семејство им е оневозможен влез во САД“, рече Агелер.Таа објасни дека за ваквите назначувања за непожелни личности во САД е потребно време и дека тие се проследени со внимателен процес на ревизија и дека не се носат лесно и брзо. Американската мабасадорка рече дека има и бројни други имиња кои се земени предвид и дека американските правни институцуу ги разгледуваат доказите.
„Сигурна сум дека ќе има и други вакви назначувања, но кога ќе има не можам да кажам. Тој процес се води многу внимателно. САД ова го сфаќаме многу сериозно и обвинувањата и доказите за корупција ги земаме многу сериозно. Наародот на Северна Македонија, граѓаните на оваа држава имаат право да имнаат избрани функционери на кои ќе може да им веруваат“, изјави Агелер.