Драмата околу подморницата Титан, продолжува. Истражувачот на длабочини д-р Дејвид Гало рече дека ќе биде потребно чудо за да се спасат патниците на Титан.
– Нашите надежи се големи. Ни треба чудо во овој момент, но чуда се случуваат, па затоа сум многу оптимист, рече тој.
Гало додаде дека ќе бидат потребни часови за да се стигне до подморницата дури и откако ќе биде пронајдена.
Новинарот Пог кој патуваше на Титан минатата година рече дека морал да потпише договор во кој возилото се опишува како експериментално и се споменува ризикот од повреда или смрт.
From my interview with @OceanGateExped CEO Stockton Rush, who is in the lost Titanic sub. https://t.co/GFrz6sz0Z4 pic.twitter.com/q5ts0YUuBd
— David Pogue (@Pogue) June 21, 2023
Канадската војска објави видео од потрагата по Титан
Голема меѓународна спасувачка операција се трка со времето додека отчукува часовникот за снабдувањето со кислород за екипажот на Титан.
Како дел од потрагата, авион на Кралското канадско воздухопловство пребарува оддалечена област на Атлантикот за знаци на подморницата што исчезна во неделата.
Објавена е и видео снимка од авион за набљудување како лета над океанот и фрла уреди што се користат за слушање звуци во водата.
As part of the @CanadianForces‘s support to the search for a missing submersible, 380 NM south of St. John’s NL, an @ARC_RCAF CP-140 Aurora from 14 Wing Greenwood, NS is providing surface search and sub-surface acoustic detection capabilities. pic.twitter.com/j4fwfwQkki
— Canadian Armed Forces Operations (@CFOperations) June 21, 2023
Француски робот се приближува до локацијата
Подморницата Виктор 6.000 беше испратена да помогне во спасувачката операција по барање на американската морнарица.
Францускиот истражувачки брод Аталанте, кој носи роботска подморница, е на околу 20 наутички милји северно од местото на потонатиот брод Титаник.
Виктор 6.000 може да нурне до длабочина од 6000 метри и би можел да го извади Титан доколку е заглавен на дното на океанот, но не би можела да го подигне. Во тој случај Титан би бил закачен за брод од површината што може да го подигне.
Судбината на екипажот на Титан може да зависи од еден човек
Судбината на екипажот на Титан може да зависи само од еден човек: Пол-Хенри Наргеолет, еден од заробените во подморницата.
Скај њуз разговараше со Хозе Пауло Виера да Силва, кој верува дека 77-годишниот Наргеолет може да најде решение.
– Мислам дека може да соработува со другите на бродот и на крајот да исплива на површината. Ќе веруваме до последен момент. Би било штета да се изгуби тој човек, изјави Да Силва, опишувајќи ја вештината на Наргеолет за време на посетата на Титаник во 2010 година. И тоа искуство беше блиску до смрт.
– Тимот на бродот во тоа време беше многу искусен, но подморницата се заглави на парче од Титаник. Моравме да направиме многу маневри за да ја вратиме. Таа се заглави во урнатините, тоа беше најлошиот дел и сите се плашевме да не ги изгубиме.
– Тој е многу мирна и тивка личност и мислам дека може да ги смири и другите затоа што е важно да го зачувате кислородот и да не се напрегате. Не е лесно, но мислам дека тој ќе биде нивниот лидер и ќе успее, додаде Да Силва.
Американската крајбрежна стража во последната потрага
Американската крајбрежна стража ги илустрираше досегашните напори за потрага по подморницата Титан.
Тие на Твитер напишаа дека авион со фиксни крила вчера попладне пребарувал во опсег од 879 милји над областа, а дека за потрагата биле планирани и авиони од партнерските агенции.
A Coast Guard Air Station Elizabeth City HC-130 Hercules fixed wing aircraft conducted a search Wednesday afternoon, spanning 879 miles over the search area. Aircraft from partner agencies are also scheduled to search. #Titanic
— USCGNortheast (@USCGNortheast) June 21, 2023
Претходно, крајбрежната стража зборуваше за обемот на операцијата и откри дека областа за пребарување на Титан е приближно двојно поголема од Конектикат, а потрагата под вода е длабока до две и пол милји.
Кислородот би можел да биде доволен до 12.08 часот
Американската крајбрежна стража верува дека може да има доволно кислород на исчезнатата подморница до 12.08 часот во четврток, по британско време. Според OceanGate, операторот на Титан, подморницата има 96-часовно снабдување со кислород во случај на итност.
Во подморницата има пет лица: британски милијардер, француски пилот на подморница, пакистански бизнисмен и неговиот 19-годишен син и извршниот директор на OceanGate, компанијата која управува со Титан.
Опсежната операција за пребарување и спасување продолжува, а учесниците велат дека се надеваат до самиот крај.
Подготви: Ј. Ѓ.