„Христијан Мицкоски се најде повикан да толкува одлуки на САД, претседател на партија ДПМНЕ со криминално стекнат имот врз грбот на граѓаните, со конфискувана Бела палата и партија со почесен претседател на црната листа на САД. Прашање за Мицкоски: што потврдува ова за ДПМНЕ?“, реагираат од СДСМ.
„Или на пример што потврдуваат за ДПМНЕ бројните судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери со нивни јавни признанија, меѓу кои и за злосторничко здружение?“, се додава во реакцијата од Бихаќка на тврдењата на лидерот на опозицијата.