Нашата релација со Америка е стабилна во геополитичка смисла. Се случија серија на настани и потези во деведесетите од страна на САД и тоа стратешко партнерство се зацврсти. Затоа во однос на денешните предизвици на таа геополитичка поставеност на Северна Македонија кон САД, на САД кон нас и кон Западниот Балкан како регион, не трпи позначајни промени бидејќи таа геополитичка архитектура не може да се измести и бидејќи САД се прилично навлезени во регионот и во нашите болатерални односи, истакна претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Пендаровски и американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер учествуваат на денешната конференција со наслов „Односите на Соединетите Американски Држави и Северна Македонија во ера на геополитички превирања“ во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.
Шефот на државата потсети и на зачленувањето на земјата во ОН и на американското партнерство во целиот процес кој е исто така интензивиран во последните години, како и на стратешките партнерства меѓу двете земји и големата поддршка што нашата земја ја добива од САД.
Амбасадорката на САД во Скопје, Агелер, на своето обраќање посочи на гордоста којашто треба да ја има земјава во однос на сето постигнато за време на три децении, затоа што, како што рече, три денеции се краток период за толку напредок.
Таа исто така спомна дека земјава ја покажала својата вредност како верен и стратешки партнер и апелираше да не се потценува членството на земјава во во НАТО како и за другите постигнувања на земјава.