Летонија ги затвори своите граници за Русите поради вооружениот бунт против режимот на рускиот претседател Путин.
Новоизбраниот претседател на Летонија, Едгарс Ринкевичс изјави дека балтичката држава ја зајакнала безбедноста на границите како одговор на бунтот во Русија и дека нема да ги прими Русите.
„Летонија внимателно го следи развојот на ситуацијата во Русија… Безбедноста на границата е зголемена, нема да се разгледуваат визите или граничните влезови за Русите кои ја напуштаат Русија поради актуелните настани“, напиша Едгарс Ринкевичс на Твитер.
Latvia is closely following the developing situation in Russia and exchanging information with allies
Border security has been strengthened, visa or border entry from Russians leaving Russia due to current events won’t be considered
No direct threat to Latvia at this time
— Edgars Rinkēvičs (@edgarsrinkevics) June 24, 2023
„Летонија нема да издава хуманитарни или други видови на визи“, додаде новоизбраниот претседател, кој се уште е министер за надворешни работи.
Летонија престана да издава нови визи за руските граѓани уште минатата година, но досега имаше исклучок за хуманитарните визи.
Не е јасно дали визите издадени досега ќе останат прифатливи за влез.
Г. Т.