ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Пратеници или „горди послушници“!

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сега се наоѓаат пред раскрсница и треба да се има разбирање за нивната позиција.  Од една страна е стравот да не паднат во немилост на „централата“ и да бидат прогласени за „предавници“, но од друга кога мора да се одважат и да се ослободат од срамната парадигма на поведение која им ја наметна една нивна поранешна пратеничка изјавувајќи дека е „горда послушничка на Никола Груевски“!

June 26, 2023 08:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Во јавноста веќе се наметна мислењето дека продолжувањето на европскиот пат на Република Македонија во овој момент зависи од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, треба да се каже дека и не толку од врхушката на оваа партија, колку што е тоа исклучиво во рацете на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Ова доаѓа од фактот што токму нивниот број е потребен за да се оформи неопходното двотретинско мнозинство за отпочнување и затворање на уставните измени.

Оттаму, несоодветни се изјавите на лидерот на партијата кога вели дека додека е тој на чело на партијата, уставни измени нема да има. Дури и со на некој начин „коригираната“ изјава на Мицкоски дека сите пратеници и коалициски партнери нема да гласаат за промена на Преамбулата, како да ги става под „свое“ 44-те индивидуи кои мандатот го добиле на избори, од народот, за да одлучуваат во нивно име, по свое убедување.

Иако раководството на партијата е носител на политиките во јавниот дискурс, не смее да се пренабрегне фактот дека пратеничката група е посебен партиски ентитет, во извесна мера независен од останатите партиски органи и тела на одлучување. Тоа оди дури дотаму што, без нејзина согласност, ништо од она што е партиски став или волја на раководството на партијата, нема да може да се материјализира како закон, одлука, резолуција, декларација.

Во историјата на парламентаризмот во Македонија таков автохтон статус на креирање на политиките на домашен, но и на меѓународен план стекна единствено пратеничката група на една партија на Албанците, тогашната Партија за Демократски Просперитет (ПДП).

Сепак е најдобро да се воспостави целосна координација меѓу овие два института на една партија; раководство и пратеничка група, а потоа и со останатите пратенички групи за на крајот во што поголем број да бидат изгласани уставните измени.

Но треба да се има предвид дека постојат ситуации кои ја надминуваат „рутината“ да се има унисон став по секое прашање од интерес за државата, за нацијата. За жал или за среќа понекогаш само индивидуалниот став на пратениците е оној што може да ја смени праксата на потчинетост на народните избраници пред авторитарната волја на лидерот или врхушката на партијата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сега се наоѓаат пред раскрсница и треба да се има разбирање за нивната позиција.  Од една страна е стравот да не паднат во немилост на „централата“ и да бидат прогласени за „предавници“, но од друга кога мора да се одважат и да се ослободат од срамната парадигма на поведение која им ја наметна една нивна поранешна пратеничка изјавувајќи дека е „горда послушничка на Никола Груевски“!

Таквото петно што им го остави во наследство сопартијката Кузмановска како систем на недемократско, поданичко однесување во одлучувањето за важни прашања за државата, треба да биде избришано од овој пратенички состав кој ќе го оправда значењето на делот од името на партијата што значи ДПМНЕ.

Обвинувањата за „предавството“ стана алатка на оваа партија за владеење со јавниот простор, но и за држење под контрола на умот и волјата на пратениците.

Притисокот врз нив што доаѓа „однадвор“ по се изгледа е незначителен во споредба со оној што ги разјадува „одвнатре“.

Одамна е познато дека од нив се бараат нотарски договори за верност и послушност како во некои тоталитарни режими или пак според системот („наша работа“) на мафијашка внатрешна  затвореност од која нема излегување по своја волја.

Треба да се има предвид дека освен т.н. „предавство“ кон партијата има и предавство кон татковината, ако се направи јасна дистинкција меѓу овие две работи.

Затоа, кога се носат важни одлуки најважно е да се слуша  гласот на разумот и силата на аргументите.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: Frontline
Tags: ВМРО-ДПМНЕЉубиша НИКОЛОВСКИпратеници
Next Post

Маричиќ во Ниш на потпишување на ИПА за прекугранична соработка со Србија

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk