Пишува: СЕАД РИЗВАНОВИЌ
Инаку иронија во целава приказна е што името на платеничката компанија е дадено според германскиот композитор Рихард Вагнер, па така компанијата ја нарекуваат и „музичарите”.
Рихард Вагнер инаку е познат и по тоа што бил омилениот нацистички композитор, бидејќи неговите симфонии ја воспевале моќта на нордиската (германска) раса, и според нацистите тие арии најдобро ја илустрирале надмоќта на ариевскиот “надчовек”, промовиран од Фридрих Ниче, “Übermensch”.
Во приказната е интересно што руска компанија се решава од сите свои руски композитори и ликови во историјата за заштитно лице да земе германски композитор, уште па и омилен нацистички композитор, што ја покажува скриената фашизоидност на руското општество која се затскрива зад патриотизам или национализам.
Уште поиронично е што истото руско општество (не само државата) се реши да тргне во „денацификација” на Украина (водена од Евреин), на чело со платеничка група составена од робијаши, (убијци, силувачи, крадци), која патем носи име на германски композитор.
На крај, иронијата не може да биде поголема, кога истата платеничка група со име на германски композитор се сврте против човекот кој ја прати во Украина.
Ова не може да се преведе на македонски, и не може да се каже на друг начин, ама:
Karma is a Bitch.
Текстот е личен став на Авторот