Македонската женска ракометна репрезентација во младинска конкуренција ќе ги продолжи подготовките за претстојното Европско првенство со настап на традционалниот меѓународен турнир „Трофеј Карпати“ во Романија.
Откако минатата недела настапија на силниот турнир „Четири нации“ во унгарскиот град Дабас, избраничките на Јулијана Дамчевска сега ги очекува уште еден квалитетен меѓународен турнир од 30 јуни до 2 јули во романскиот град Питешти.
Покрај домаќинот Романија, на „Трофеј Карпати“ ќе настапат и Швајцарија и Србија.
Македонските ракометарки се подготвуваат за настап на Европското првенство чиј домаќин ќе биде Романија од 6 до 16 јули, а ќе играат во група со Данска, Чешка и Црна Гора.