Државната изборна комисија (ДИК) на Црна Гора соопшти дека не се исполнети законските услови за објавување на конечните резултати од парламентарните избори во таа земја.
Претседателот на ДИК, Никола Мугоша, изјави дека одредени жалби се уште се без епилог, „поради што е невозможно да се соопштат резултатите“.
Од Движењето Европа сега, кое според првичните резултати освои најмногу гласови, соопштија дека официјалните разговори за новата влада ќе почнат дури по објавувањето на конечните изборни резултати.
Мугоша за РТЦГ изјави дека не може да каже кој е крајниот рок за да се утврдат резултатите од изборите, бидејќи тоа зависи од повеќе фактори, односно кога апликантите ќе поднесат приговори до ДИК и која ќе биде динамиката на одлучување на Уставниот суд.
До денес се поднесени 24 приговори, меѓу кои најмногу се Социјалдемократската патрија и коалицијата „Правда за сите“ на Владимир Лепосавиќ. Според првичните резултати, тие не го поминале изборниот цензус.
Вонредните парламентарни избори за 81 пратеник во црногорскиот Парламент се одржаа на 11 јуни, а на новата влада и е потребна поддршка од најмалку 41 пратеник. Ниту една партија или коалиција не освои доминантно мнозинство.