ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Бочварски: Продолжува рехабилитацијата на регионалниот пат Ново Село-Штип, делница транзит Штип

June 28, 2023 13:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Костадин Ацевски денеска извршија увид на градежните активности за рехабилитација на регионалниот пат Ново Село-Штип, делница транзит Штип.

Инвестицијата изнесува 11 милиони денари, средства од буџетот на ЈП за државни патишта. Предвидена е рехабилитација на површина од 6.055 метри квадратни, со ширина на патот од 6,8 метри.

-Со директорот Ацевски сме во Штип каде започнуваме со реконструкција на транзитот низ Ново Село, патен правец кој го поврзува градот со новиот експресен пат кон Радовиш. Ова е продолжение на реконструкцијата на транзитот низ Штип што го рехабилитиравме минатата година, за што инвестиравме преку 42 милиони денари, изјави Бочварски.

Во Штип, дополни министерот, Владата инвестираше значајни средства и реализираше многу проекти. Го поврзавме Штип со два нови експресни патишта, кон Радовиш и кон Кочани,  преку Министерството за транспорт и врски инвестиравме над 50 милиони денари за рехабилитација на неколку улици низ градот, активно ја градиме браната на река Отиња, а ја завршивме изградбата на водоводните системи во населбите Блок 77, Каваклија и Македонка.

Директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Ацевски, истакна дека претпријатието работи на санација на патиштата во сите региони во државата, а во следниот период посебен фокус ќе стави на рехабилитација на патиштата оштетени од невремето што ја погоди државата изминатиов период.

-Денеска ја започнуваме рехабилитацијата на овој правец значаен за штипјани. Инвестираме 11 милиони денари и очекувам дека реконструкцијата ќе ја завршиме за две недели. Работиме интензивно во сите региони реализирајќи ја програмата на Јавното претрпијатие за оваа година. Фокус во наредниот период ќе ставиме на рехабилитација на патиштата кои се оштетени од поројните дождови, истакна Ацевски

Tags: Благој БочварскиКостадин Ацевскирехабилитација на пат Ново Село-Штип
Next Post

Во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар повредени пет лица

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk