ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хаос во Франција: Насилни протести четврта ноќ по ред, запалени објекти и автомобили, украдено оружје, уапсени малолетници

July 1, 2023 10:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Франција четврта ноќ по ред избувнаа насилни протести. Во неколку француски градови, особено во Марсеј каде беа уапсени 87 лица, евидентирано е ново насилство.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин истакна дека се приведени деца на возраст од 13 години, додавајќи дека просечната возраст на уапсените е 17 години, објави Си Ен Ен.

Синоќа, според досега објавените податоци, уапсени се 994 лица, а повредени се 79 полицајци. Француските медиуми јавуваат дека 19-годишно момче доцна синоќа паднало од покривот на супермаркет во Руан, а подоцна починало в болница. Се уште не е потврдено дали бил дел од протестот.

На улиците на Франција се испратени околу 45.000 полицајци, повеќе од претходната ноќ, а забележани се и оклопни транспортери. Владата побара од регионалните власти да ги прекинат ноќните автобуски и трамвајски линии.

Немирите започнаа во вторникот, откако полицијата застрела и уби 17-годишно момче од алжирско потекло, по име Нахел М. Полицаецот кој го застрела Нахел му се извини на семејството, но смртта на тинејџерот го разгоре незадоволството поради полициското однесување и расното профилирање во француските предградија.

Француските медиуми јавуваат дека 19-годишен маж доцна синоќа паднал од покривот на супермаркет во Руан, а подоцна починал во болница. Се уште не е потврдено дали бил дел од протестот.

Демонстрантите палат згради, и возила, а ограбиле и продавница за оружје во центарот на Марсеј, при што украле неколку ловечки пушки, но без муниција, соопшти полицијата. Едно лице е уапсено со пушка најверојатно од продавницата, соопшти полицијата која сега го обезбедува објектот. Во Марсеј, исто така, била запалена и книжарница.

Запрашан во синоќешниот главен телевизиски дневник на TF1 дали владата може да прогласи вонредна состојба, министерот Дарманин изјави дека не се исклучува ниту една хипотеза и за тоа ќе одлучи претседателот на државата.

Насилствата го втурнаа претседателот Емануел Макрон во најтешката криза за време на неговото лидерство од протестите на жолтите елеци кои започнаа во 2018 година. Последните немирите се разгореа низ целата земја, вклучително и во градовите Париз, Марсеј, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил.

Вака изгледаше синоќа во Париз:


Г. Т.

Tags: апсењемомченасилни протестиполицијаубиствоФранцијачетврта ноќ
Next Post

Членките на СЕММ предлагаат формирање на Здружение на онлајн медиуми

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk