ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шукова од Брисел: Подготвени сме да го преземеме нашиот дел од одговорноста

July 3, 2023 11:51
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Брисел започнува билатералинот скрининг за Поглавје 27- Животна средина и климатски промени што претставува еден од двата најдолги скрининзи и ќе траe од 3-ти до 7-ми јули. На скринингот пред Европската комисија преку 75 презентации ќе бидат презентирани состојбите во областите: хоризонтално законодавство, управување со отпад, квалитет на вода, природа, хемикалии, индустриско загадување и климатски промени.

„Нашата држава е посветена на усогласувањето на националното со европското законодавство во најкомплексното Поглавје 27- Животна средина и климатски промени, за кое што е одговорно Министерството за животна средина и просторно планирање. Но, посебен предизвик е неговата имплементација. Во изминатиов период преземавме сериозни чекори за подобрување на состојбите речиси во сите области, особено во делот на управување со отпад и управување со води. Очекувам, покрај размена на информации за постигнатото, заеднички да ги идентификуваме предизвиците по области, особено во оние што побаруваат високи инвестициски вложувања и да обезбедиме силна поддршка и од европските институции, но и внатре од државата, бидејќи само со широка инклузивност и посветеност можеме да ја постигнеме зацртаната цел”- истакна министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова на отварањето на скрингот.

Покрај тоа што ова е едно од најкомплексните поглавја, тоа е воедно и едно од најскапите. Координатор на Поглавјето е Министерството за животна средина и просторно планирање за сите области, освен за делот за хемикалии за кој е одговорно Министерството за здравство. Вклучени се и низа други институции, меѓу кои и Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, Управата хидрометеоролошки работи, Агенцијата за храна и ветерина и други.

Поради комплексноста на поглавјето и поради високите инвестициски побарувања за нивна реализација се очекува одобрување на подолги транзициски периоди за имплементација , особено за директивите со високи инвестициски вложувања.

Според Шукова, освен предизвикот да се постигнат барањата на ЕУ преку усогласување на националното законодавство со европското и мудрото креирање политики што водат кон негова имплементација, државата и Министерството за животна средина и просторно планирање се соочува и со предизвикот за прифаќање на тие политики на сите нивоа во општеството и обезбедување соодветна структура на управување.

„ Подготвени сме да го преземеме нашиот дел од одговорноста. Сметаме на вашето лидерство, размена на знаења и искуства за продолжување на нашата соработка за ова поглавје во духот на меѓусебна доверба, почит и заедничко разбирање за постигнување на нашата заедничка цел во заштитата на животната средина и постигнување на полноправното членство во европската заедница” порача Шукова од Брисел.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БриселЕУШукова
Next Post
ТИРАНА

Албанија утре ќе понуди 56 милиони евра државни обврзници

НАЈНОВО

Фото: Виз Ер Скопскиот маратон

(ФОТО) Дарио Ивановски триумфираше на Виз Ер Скопскиот маратон – рекордни над 14.000 учесници на скопските улици

October 5, 2025
Фото: ЗНАМ

ЗНАМ: Време е за ред, безбедност и вистински центарец, Мирослав Лабудовиќ

October 5, 2025

Радев по телефонскиот раговор со Сиљановска: РСМ е подготвена да ни помогне во справувањето со последиците од поплавите

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk