Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак следните денови ќе престојува во Приштина и во Белград, објави Радио Слободна Европа повикувајќи се на наименувани дипломатски извори во Брисел.
Целта на посетата е се смират тензиите на северот на Косово и да продолжи дијалогот.
Претставниците на ЕУ тврдат дека посета е „дел од редовните активности на Лајчак“.
Предвидено е Лајчак во Белград и во Приштина да се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти.
ЕУ ги повторува апелите до двете страни да преземат итни чекори за деескалација на ситуацијата во северно Косово, што треба да се постигне со паралелно повлекување на припадниците на специјалните единици на косовската полиција од околината на општинските згради, повлекување на Србите кои протестираат, потоа повлекување на градоначалниците од општинските згради и извршување на работните задачи во алтернативните објекти, со распишување предвремени избори како и јавно обврзување на Српска листа, водечката партија на косовските Срби, да учествува во тие избори.
Европска Унија веќе почна да спроведува мерки против Косово поради неисполнетите европски барања.
Брисел предупредува дека е подготвен да примени мерки против Белград доколку Србија не се однесува согласно очекувањата.