ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Би-би-си: Седум лица повредени во напад со автомобил во Тел Авив, напаѓачот убиен

July 4, 2023 14:07
in ДЕНЕС, СВЕТ
Miriam Alster/Flash90

Miriam Alster/Flash90

Share on FacebookShare on Twitter

Седум лица се повредени, од кои тројца се наоѓаат во сериозна состојба, откако автомобил влетал во пешаци пред трговски ценатр во Тел Авив и притоа возачот почнал да ги боде со остар предмет, соопштија од израелската полиција, пренесе Би-би-си.

Полицајците потврдија дека осомничениот управувал возило што се движело од југ кон север по улицата „Пинкас Розен“ во Тел Авив, кога „удрил во пешаци кои стоеле пред трговскиот центар, по што излегол од возилото и продолжил да ги прободува цивилите со остар предмет“.

Жртвите биле однесени во болниците во Бејлинсон и Ичилов, наведуваат медицински лица, а службите за итни случаи во моментов се на местото на настанот.

Британските медуими наведуваат дека осомничениот напаѓач бил Палестинец, од Западниот Брег и дека најверојатно станува збор за одмазничка акција на групата Исламски џихад, за дводневната воена операција на израелската армија во бегалскиот камп Џенин.

Групата „Калед ал-Батш“ од редовите на Исламска џихад, денеска излезе со соопштение дека нападот во Тел Авив „е првиот одмазнички одговор за тоа што се случува во Џенин“.

Локалните медиуми јавуваат дека осомничениот напаѓач бил застрелан и убиен, јавува Би-Би-Си.

Службите за итни случаи соопштија дека има повредени лица, но не ја потврдуваат природата на инцидентот.

„Возач повреди седум лица во денешниот напад во Тел Авив, по што изврши напад со нож“, изјави портпаролот на израелската полиција, нарекувајќи го инцидентот тероризам.

Британските медиуми наведуваат дека напаѓачот бил „неутрализиран“ на лице место од цивилен дежурен работник, цитирајќи го портпаролот на израелското воено радио.

Израелското радио Кан јавува дека во нападот биле повредени дури 10 лица.

Tags: Исламски џихадодмаздаповредениТел Авив
Next Post

МВР: Приведен насилник за издржување казна затвор, баран со централна потерница

Најново

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

Во Хрватска ќе се гради дата центар за вештачка интелигенција вреден 50 милијарди евра

April 28, 2026

Тошковски: Протоколот за лица без државјанство е значаен чекор кон системско и навремено решавање на овие случаи

April 28, 2026

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски – Владата нема напредок во реформите и свесно го блокира европскиот пат

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk