ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Отварање на изложбата на дигитални слики Особеност на Игор Поп Трајков

July 5, 2023 08:48
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Особеност е четврта самостална изложба на Игор Поп Трајков. Во неа уметникот експериментира со новите дигитални технологии, како и со комбинацијата на новите со традиционалните техники во сликарството. Оваа изложба на дигитални слики ќе се отвори на 10 јули 2023 во Галеријата Ко – Ра во ЈУ Дом на култура Кочо Рацин, Скопје во 20 ч. во рамки на Скопско лето 2023.

Што е модерноста, а што особеноста? Модерноста, а особено глобализацијата го потцртаа влијанието на другоста, односно на културите кои се надвор од нашата. Со ова настана мешањето на многубројните културни идентитети, но кои не толку се мешаа колку што се прилагодуваа едни на други. Така сѐ повеќе ја имаме млакоста која се наддава со индивидуалноста, небаре го брани светот од силеџијство. Но не е секој нели добредојден во нашиот свет. Сепак особеноста би требало да биде онаа која може да го поттикне развојот на сѐ.

Како што вели кураторката на изложбата Особеност- Џоана Пентала:

„Уметникот на оваа изложба има страст да учествува во бројни општествени, уметнички и интелектуални активности и настани, како онлајн, така и лично. Тој постојано се опкружува со други уметници, поети, писатели и интелектуалци од сите видови. Ова е сопствената, единствена, модерна верзија на француските салони на Поп Трајков, каде уметниците можат да црпат инспирација еден од друг. Последователните проекти на уметникот јасно го одразуваат ова.

Нерасположената и на многу начини корумпирана културна средина од која потекнува Поп Трајков и во која мораше да опстојува толку долго, се обиде да му ги наметне своите правила. Уметникот гледа начин да избега од тоа во неговата „особеност”, односно во неговото одбивање да стане како другите. Како што може да се види од оваа изложба, неговото бегство е всушност лажно и иронично и само покажува дека уметникот не е дел од корозивната реалност, односно дека не сака да биде дел од неа; вистината во овој случај би била дека мора да се соработува со темната страна, а покажувањето на спротивставување е повеќе симболичен отколку херојски гест.

Користејќи ги неговите омилени средства за изразување- херменевтика и деконструкција, како и експериментирање со новите визуелни технологии, уметникот ни претставува низа историски истражувања на тема особеност, било да е тоа со позитивна или со негативна конотација… Ова е најпривлечно кога нешто или некој не се покорува или не се наведнува пред очекуваниот тек на нештата, туку покажува одредено или целосно отстапување од пробиениот колосек.”

Особеност- изложбата на дигитални слики ќе биде поставена во ЈУ Дом на култура Кочо Рацин до 20 јули 2023.

Tags: Игор Поп ТрајковОсобеност
Next Post

Наместо да бара расчистување за „Феникс“, Мицкоски го брани криминалот, велат од Бихаќка

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk