Кремљ има влијателни сојузници кои го поддржуваат сепаратизмот во „постсоветските“ земји, чија политика е спротивна на позицијата на ЕУ, пишува украинскиот политички аналитичар Игор Чаленко за деструктивната улога на Франција во Јужен Кавказ во написот што го пренесува „Софија Глоуб“.
Сопред Чаленко, меѓу нив е и претседателот на Франција Емануел Макрон, кој, како што пишува украинскиот аналитичар, јавно го поддржа рускиот сепаратизам во Јужен Кавказ, односно во Карабах, окупиран од лојална фракција на Кремљ. Освен тоа, Макрон признава дека неговата позиција за Јужен Кавказ не е поддржана од ниту една држава на ЕУ.
Необична позиција
На 27 јуни, Емануел Макрон на средбата со претставниците на ерменската заедница објави дека врши поголем притисок врз претседателот на Азербејџан Илхам Алиев отколку премиерот на Ерменија Никол Пашинјан.
„Јас сум единствениот кој има јасен став и порака за Арцах“. (Тоа е она што проруските ерменски сепаратисти ја нарекуваат својата енклава во Азербејџански Карабах).
Посочувајќи ја неговата „решителност во однос на Арцах“, Макрон истакна дека „ќе продолжи да вложува напори“. Токму во тој контекст тој нагласи дека:
„Тоа беше прв пат Франција да испрати француско воено аташе во својата амбасада во Ерменија“. Претседателот значајно додаде: „Ќе направиме се што е можно!
Објавата на Макрон доволно зборува за неговата поддршка на рускиот сепаратизам во Карабах.
Францускиот претседател, исто така, призна дека остатокот од Европа не ја дели неговата позиција:
„Ќе продолжам да вложувам напори дури и ако сум единствениот во меѓународното семејство со оваа агенда“.
Во овој поглед, политиката на Макрон во Јужен Кавказ е целосно спротивна на надворешната политика на ЕУ насочена кон воспоставување мир меѓу Ерменија и Азербејџан.
Тројниот сојуз на Франција, Иран и Русија
Ако позицијата на Франција не е од корист ниту за Западот, ниту за Украина, кој ја користи таквата политика на Макрон? Примарни корисници се Русија и Иран.
Во аналитичкиот извештај за романското издание на Њусвик се наведува дека Москва сака да си обезбеди лост со притисок врз Баку, ќе ги ангажира ерменските сепаратисти во Карабах, кој дури и премиерот на Ерменија го призна како суверена територија на Азербејџан.
Москва и Техеран ја сметаат сепаратистичката енклава во Карабах како „прекинувач за убивање“ за снабдување со азербејџански енергетски ресурси во ЕУ, објаснува Бегин-Садат Центарот, еден од водечките израелски тинк-тенкови.
Освен тоа, анализирајќи повеќе јавни соопштенија и аналитички оценки во водечки медиумски извори, можете да извлечете заклучок дека е формирана „сојуз на Франција, Иран и Русија, кои ги здружија силите против Азербејџан и Израел на Кавказ“.
Во мај, The Wall Street Journal напиша дека политиката на претседателот Макрон во Јужен Кавказ им служи на регионалните интереси на Москва и Техеран, како и против напорите на Вашингтон и Брисел за постигнување мирно решение меѓу Ереван и Баку.
„Париз зазеде позиција што всушност ја интензивира играта на Русија и Иран на Јужен Кавказ“, се вели во написот на WSJ.
Украина, чии жители страдаат од воената агресија на Русија и нејзините сојузници како Иран, е исто така загрижена за промовирањето на сепаратизмот од страна на Макрон.
„Поради партнерството со Азербејџан, ЕУ успева без руските енергетски ресурси“, нагласи во мај Цензор една од најголемите украински публикации.
Ерменскиот фактор во Франција
Претседателот Макрон се покажа како заложник на радикалните елементи во ерменската дијаспора, иако тие имаат мала изборна тежина. Бројот на сите француски граѓани со право на глас изнесува околу 600 илјади. Тоа е само 1% од вкупниот број гласачи.
Сепак, претседателот на една од водечките европски нации е под палецот на ерменските радикали.
„Азербејџан не е агресор во овој конфликт, но стана плен на „архитектите“ на проектот „Големата Ерменија“, чија реализација се случи со помош на Москва. Сега, врз основа на резултатите од Втората војна во Нагорно-Карабах, Азербејџан ги враќа своите суверени територии. Ова предизвикува бесна реакција на мултимилионската ерменска дијаспора и одредени француски политичари кои дојдоа под нивно влијание“, се вели во аналитичкиот извештај објавен од украинскиот ТВ канал „Пјатиј“.
Спротивставување на преговарачкиот процес
Според ерменските медиуми, веднаш по европскиот самит во Кишињев на 1 јуни, Макрон му се јавил на копретседателот на Координативниот совет на ерменските организации на Франција, Мурад Папазјан жалечќи се на претставниците на ЕУ и рекол:
„Јас сум единствениот заинтересиран за иднината на Арцах, и други учесници во преговарачкиот процес (вклучувајќи го германскиот канцелар Шолц и шефот на Европскиот совет Чарлс Мишел) сметаат дека Арцах е составен дел на Азербејџан“.
На оваа позадина, централноевропските и американските медиуми едногласно ја забележуваат деструктивната улога на Макрон во Јужен Кавказ.
Лондонското издание на EuToday појаснува дека „За Франција, како и за Русија, е неисплатливо да се реши ерменско-азербејџанскиот конфликт. Ова им служи како изговор да го задржат и зголемат своето влијание во Јужен Кавказ“.
Може да се заклучи дека лидерите на Франција и Русија ја охрабруваат ескалација на конфликтот во Кавказ, прикривајќи ги своите постапки со посредничка реторика.
Против победата на Украина?
Состојбата околу Јужен Кавказ активно ја покриваат украинските медиуми.
Судејќи според аналитичките пресметки, Кремљ и ја диктира надворешната политика на Франција. Можеби затоа влијателните сили во Франција не се заинтересирани за победата на Украина и го префрлаат фокусот од диктатурата на Путин на Азербејџан, кој бесплатно ја снабдува Украина со гориво.
„Со поддршката на Ерменија, француските политичари се обидуваат да го префрлат политичкиот фокус на светот од војната во Украина на Јужен Кавказ“, пишува РБЦ Украина.
Украински Телеграф објаснува дека „Политиката на Макрон во Јужен Кавказ е во интерес на Путин и обајцата ги попречуваат напорите на Вашингтон да постигне мир меѓу Ерменија и Азербејџан“.
Постои уште една веројатна причина за споменатата политика на Макрон. Франција искрено не е заинтересирана за победата на Украина, затоа таа редовно комуницира со Кремљ во „длабоко отсечен“ режим. Енергетската и економската зависност на Французите од Русија ги тера да играат заедно со агресијата против Украина, додека, истовремено го „трујат“ Азербејџан за да му угодат на Путин…
Подготви: Драган Мишев / Цивил Медиа