ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Илија Димовски: Горан, ќе те спружам на насловна страница!

Ова е истиот Илија Димовски кој и сега е пратеник на „реформираното“ ДПМНЕ. Овој истиот Илија сега зборува за демократија, правда и слобода на медиумите. Треба ли да се потсетуваме на бомбата како Латас вели дека му ја направиле телевизијата „куртон медиум“ и како од 10 вести 7 биле по нарачка од центарот на комуникации на ДПМНЕ. Илија сето тоа уште во далечната 2012 година (3 години пред „бомбите“ на Заев) ни го кажа јавно, јасно и гласно на собраниска седница

February 18, 2020 12:28
in СКАНДАЛИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниска комисија за финансирање и буџет, година господова 2012. На говорница излегува пратеничката од СДСМ Радмила Шекеринска. Во позадина се слушаат дофрлања од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски:

„Горан, ќе те спружам на насловна страница!“, му дофрла Илија Димовски на Горан Мисовски

Шекеринска реагира дека точна и јасна беше заканата на Димовски – веде уредникот на пола медиумите во Македонија, дека некого ќе стави на насловна страна, на што реагира Димовски со зборовите: ќе го СПРУЖАМ, му НАГЛАСУВАМ!

Илија Димовски во моментот кога ги упатува заканите кон претседавачот Мисовски, е пратеник од владејачката партија и директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа директна закана на Илија Димовски кон претседавачот Горан Мисовски е типчено признание на тоа кој раководеше со медиумите, и кој ги креираше вестите и насловните страници на прорежимските телевизии, печатени медиуми и интернет портали во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и режимот на Груевски. Она што уште повеќе застрашува е дека Илија Димовски овие закани со спружување на насловна страница, ги упатува без никаква задршка – пред камери, на очиглед на цела македонска јавност и ич око не му трепнува.

Ова е истиот Илија Димовски кој и сега е пратеник на „реформираното“ ДПМНЕ. Овој истиот Илија сега зборува за демократија, правда и слобода на медиумите. Треба ли да се потсетуваме на бомбата како Латас вели дека му ја направиле телевизијата „куртон медиум“ и како од 10 вести 7 биле по нарачка од центарот на комуникации на ДПМНЕ. Илија сето тоа уште во далечната 2012 година (3 години пред „бомбите“ на Заев) ни го кажа јавно, јасно и гласно на собраниска седница.

Ете тоа е луцемерието кое сега сакаат да ни го продадат и протнат како „реформа“, истите оние луѓе, истите пратеници од ДПМНЕ.

Димовски беше директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ од 2007 година па се до 2014 година кога ја презеде функцијата координатор на пратеничката група, или преведено – во најцрните денови на македонското новинарство и слободата на медиумите.

За жал и денес овој Илија Димовски – политичар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и креатор на насловни страници и вести, сè уште е радо виден гост на дебатни емисии на сите телевизии.

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

(Видео) Ѓоковиќ игра тенис со децата пред зграда

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk