ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ во САД на средби со О’Брајан, Ескобар и Брукс

July 10, 2023 09:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Секретаријат за европски прашања

Фото: Секретаријат за европски прашања

Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска заминува за Соединетите Американски Држави, каде следните три дена ќе оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Стејт Департментот.

Маричиќ во Вашингтон ќе се сретне со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евро-Азија, Габриел Ескобар, со Робин Брукс, специјалниот советник за Европа на потпреседателката на САД, Камала Харис, Роб Ли, Директор на Канцеларијата за Европска Унија и регионални прашања при Стејт Департментот и амбасадорот Џим О’Брајан, Шеф на Одделот за координација на санкции при Стејт Департмент и именуван помошник Државен секретар за Европа и Евро-азија.

На средбите се очекува да се разговара за уставните измени, севкупните реформи, со акцент на правосудството и борбата против корупцијата, актуелни теми од регионалната агенда и европската перспектива на Западен Балкан, како и за унапредување на соработката меѓу двете земји во областа на економијата и енергетиката.

Во рамки на посетата на Вашингтон, Маричиќ ќе учествува на Конференцијата организирана од невладина организација „Трансатлантската лидерска мрежа”, а посветена на Западен Балкан на тема: „Трансатлантска и регионална соработка – Изградба на цврсти партнерства”, како и на тркалезна маса, во организација на „Атлантскиот Совет” со експерти/надворешни соработници кои работат на Западен Балкан.

Во делегацијата која ја предводи заменик претседателот на Владата, Маричиќ, се и министерот за економија, Крешник Бектеши, државната секретарка при Секретаријатот за европски прашања и заменик на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу Халили и директорот на АД Номагас, Бајрам Реџепи.

Tags: ЕскобарМаричиќСАД
Next Post

Јакимовски кон Мицкоски: Правите есап за да пресметате колку да земете мито или како што жаргонски велите, да „чарџате“

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk