ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

ЈП Дрисла: Муцунски и Ѓорѓиевски да не лажат, Аеродром и Кисела Вода немаат потпишано нов договор

July 10, 2023 09:23
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавното претпријатие депонија „Дрисла“ – Скопје преку соопштение информира дека општините Аеродром и Кисела Вода немаат потпишано договор со нив и оти нивниот договор е истечен во март годинава.

– Ги замолуваме градоначалниците од општина Кисела Вода и општина Аеродром да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина. Имено, ниту општина Аеродром, ниту општина Кисела Вода немаат потпишан договор со ЈП депонија „Дрисла“ Скопје бидејќи тој им е истечен во март, стои во соопштението.

Од „Дрисла“ прашуваат каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори.

– Се поставува прашањето, каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори со ЈП депонија „Дрисла“ Скопје, единственото предвидено место за одложување на отпад? Дали креирале и колку диви депонии креирале? Колку од дивите депонии кои ги исчисти градот Скопје повторно се претворени во хаос со отпад?, се наведува во соопштението.

Во главниот град изминативе неколку дена не се собираше отпадот поради протест на вработените во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје кои бараат повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа. Градоначалниците од Скопскиот плански регион денеска ќе одржат состанок на кој ќе расправаат за состојбата со хигиената во Скопје. Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со помош на своите колеги од други општини синоќа почнаа да го чистат насобраното ѓубре, додека од Општина Центар најавија дека од утрово сами почнуваат со чистење на ѓубрето.

Од скопските општини Центар и Аеродром, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да најдат соодветно решение за собирање на сметот.

За состојбата со хигиената на територија на Град Скопје денеска седница ќе одржи Скопскиот плански регион.

Tags: аеродромЃорѓиевскиКисела ВодаМуцунскиотпад
Next Post

Механизација на терен, се собира ѓубрето и се мијат контејнерите во Центар

Shortcut

Најново

(ФОТО) „Удри на спорт, не удирај по врсниците“: Боксерски вреќи низ Скопје како уметнички крик против насилството кај младите

June 12, 2026

Алиу: Реформите во здравството добиваат европска рамка со приклучувањето кон програмата EU4Health

June 12, 2026

(ВИДЕО) Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори

June 12, 2026

Оркестарот на Филхармонија со изведба на „Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк во Скопје

June 12, 2026

Мисајловски на одбележување на Денот на Воената академија – Создаваме врвен офицерски кадар способен да одговори на современите безбедносни предизвици

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk