Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека било вклучено во кривично дело грабнување.
-Осомничениот на 3 март, заедно со уште две други лица против кои веќе се води истрага, учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода, соопшти државното јавно обвинителстгво.
ЈОРСМ инфрмира дека се преземаат активности осомничениот да биде лишен од слобода.