ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Синдикатите оптимисти дека ќе се најде решение за платите во Јавниот сектор

July 10, 2023 15:33
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикалните претставници кои пристигнаа во Министерството за финансии на средба со владиниот тим, не знаат дали денеска ќе се постигне некакво решение околу зголемувањето на платите и методологијата.

Како што изјавија пред состанокот, тие повторно ќе ги пренесат ставот и барањата во делот и на моделот и на покачувањето на платите. Не знаат колку ќе траат разговорите, рекоа, но очекуваат позитивен исход.

-Денеска повторно во 14:30 сме тука пред Министерството. Повторно имаме состанок. Во Министерството за финансии продолжуваат преговорите. Продолжуваат околу делот на општиот колективен договор, во делот на делот на начинот како ќе се пресметуваат платите, во делот на тоа колку треба да пораснат платите. Синдикатите се тука сите заедно обединети како никогаш досега и мислиме дека овие преговори што се водат веќе подолг период ќе бидат со позитивен скор и дека сите ние како работници и како синдикати ќе бидеме задоволни од она што можеме да го добиеме. Она што го договараме како синдикати е, да направиме модел врз основа на што ќе расте платата, а имаме три параметри: инфлација, просечна плата и трошоци за живот и минимална плата. Во кој дел и како ќе се договориме, кој ќе биде моделот за покачување на платите, моделот во иднина како ќе се пресметуваат платите, тој ќе биде и процентот, изјави претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски.

Според него, преговорите траат долго време.

-Дали нешто ќе се договори денеска не знаеме. Доаѓаме повторно со она што го имавме преку гранските синдикати, преку сите органи на синдикати, да го пренесеме ставот и нашите барања. За функционерите дали ќе се откажат тоа треба да ги прашате нив и тоа не е наш проблем, дополни Ралповски.

На новинарско прашање, што ако не се постигне договор, тој одговори дека синдикатите ќе бидат упорни и истрајни во своите барања.

-Не знаеме колку време ќе течат разговорите. Преговори се преговори, кога ќе завршат тогаш. Ние сме тука, имаме време, упорни сме, обединети, така што колку време ќе бидат преговорите не можам да кажам. Тоа што сме го добиле како пас од органите на синдикатите тоа ќе биде пренесено денеска пред министрите, истакна Ралповски.

Tags: јавен секторплатисиндикати
Next Post

Литванија, воочи Самитот на НАТО, цел на кибернапади

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk