ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

Какви фактури потпишувал Петар Рисетески поранешниот директор на „Здравстениот дом“ во Прилеп?

Она што Ристески и неговата наследничка го оставија на заминување од раководната функција, беше долгот од 12 милиони денари заради што на вратата на оваа здравствена институција во повеќе наврати тропаа извршителите.

February 18, 2020 15:21
in СКАНДАЛИ, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Трагите од недомаќинското и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, можат да се најдат во сите институции со кои раководеле нивните кадри. Една од нив е и Здравствениот дом, на чие чело повеќе години се наоѓаше сегашниот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Она што Ристески и неговата наследничка го оставија на заминување од раководната функција, беше долгот од 12 милиони денари заради што на вратата на оваа здравствена институција во повеќе наврати тропаа извршителите. Доказ за недомаќинското работење на Ристески е и потрошената сума од 742.000 денари, за реновирање на два тоалета во нашата административна зграда во Тутунскиот Комбинат, што пак го отвора прашањето каде завршиле овие пари?“, истакна на средбата со новинарите Оливера Аџиоска, директорка на ЈЗУ Здравствен дом Прилеп.

Оливера Аџиоска

Аџиоска рече дека Ристески бил љубител на гоштевања по кафеани, за што сведочат бројните фактури од ресторани како и трошоците за репрезентација, кои во 2015 година достигнале 260.000 денари. Покрај во прилепските, се јадело и пиело и во ресторани во други градови. На пример во Делчево, при што за еден ручек се трошеле и по 13.000 денари.

„Во оваа прилика го прашувам екс директорот Ристески, зошто од бензинската пумпа од каде ги снабдуваме нашите возила со гориво, на име на Здравствениот дом пристигнувале сомнителни, некомлетни и фалсификувани фактури, при што едната со другата страна на фактурата не се совпаѓаат? Фактури без ничиј потпис, а впишаните регистарски таблички се коригирани и претставени како да се таблички на возила од Итната медицинска помош. Врв на безобразлукот е што поранешниот прв човек на оваа здравствена институција одобрувал сервисирање и поправка на приватните автомобили на неговите сопартијци и блиски соработници. Имено, потписот на Петар Ристески стои на фактура од 6.400 денари, за поправка на автомобил марка ‘Пежо 307“. Ако се знае дека ЈЗУ Здравствен дом никогаш не поседувал такво возило, тогаш се поставува прашањето кој е сопственикот на тој автомобил и зошто Ристески ја одобрил и потпишал фактурата?“, праша Аџиоска.

Директорката на ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп, потенцираше дека за сето ова информирани биле и надлежните институции, кои треба да дадат одговори на многу прашања поврзани со финансиското работење на претходните раководството именувани од ВМРО-ДПМНЕ.



извор: Публикум

Next Post

(Видео) Страшна несреќа на „Дејтона 500“ – Њумен со 300 на час удри во заштитната ограда

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk