ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Ѓорѓиевски нема намера да ја плати казната од 90.000 евра која му ја изрече Арсовска

July 12, 2023 14:22
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција одржана во просториите на општината наведе дека нема потреба од никаков договор за одлагање на отпадот во Јавното претпријатие „Дрисла“ и покажувајќи фактури од скоро минато како се одлагало утпад во депонијата истакна дека нема потреба од никаков договор којшто се спомнува, туку има Одлука донесена уште во 2005 година каде што сите општини се наведени коишто можат во секое време да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“, и затоа нагласи дека за оваа казна нема да се плати ниту еден денар од џебот на граѓаните и од буџетот на оваа општина, затоа што, како што рече, оваа казна нема основ.

-Откако беа неколку камиони наполнети со отпад, отпадот по логика на нештата се упати кон единствената регионална депонија за која што за одлагање на истиот отпад нема потреба од никаков договор којшто тие го споменуваат бидејќи има одлука и ова е јавно достапна, донесена уште во 2005 година каде што сите општини се наведени коишто можат во секое време да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“ и за тоа да им се изврши мерење на отпадот и за истото да им се изработи фактура и да им се наплати, рече Ѓорѓиевски.

Потсети дека додека се спречувале камионите од Кисела Вода и Сопиште да одложат отпад во „Дрисла“, други возила, меѓу кои и возила со странски регистарски таблички биле пропуштани да влегуваат во депонијата.

-Да не го изоставам фактот дека додека се спречуваше да камионите од Кисела Вода и Сопиште камионот којшто ни беше на помош испратен на нашата општина да одложат отпад во „Дрисла“ возила со италијански регистарски таблички селективно, но и други возила беа пропуштани да влегуваат во „Дрисла“ и да одлагаат отпад. Замислете, возилата на граѓаните на општина Кисела Вода, сопственост на Општина Кисела Вода за коишто уредно се плаќало секогаш во „Дрисла“ биле попречувани да го однесат и да го одложат отпадот во „Дрисла“, а селективно биле пропуштани возила меѓу кои со странски регистарски таблички, кажа тој.

Додаде дека само нивните камионо биле задржани на лице место час и половина.

-И по неколку пати предупредувања од наша страна, после неколкупати повикувања на разумност од наша страна да ни се дозволи да отпадот во внесеме во „Дрисла“, каде што е местото на отпадот којшто ние го собравме, за тоа плаќаат граѓаните, а не го извршувал Градот Скопје тоа како своја активност за која што земаат пари од граѓаните, немавме друга опција после нашите предупредувања освен истиот да го одложиме пред ЈП „Дрисла“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски кој додаде дека втората опција која што им била на располагање било повторно отпадот да биде вратен во Кисела Вода.

Тој исто така наведе дека депонијата „Дрисла“ е лоцирана во дел на Сопиште и дел на Општина Студеничани, општини коишто се надвор од границите, но и од ингеренциите на Градот Скопје.

На новинарското прашање зошто казната е напишана казна само за Општина Кисела Вода а не и за Општина Аеродром, Ѓорѓиевски одговори дека нивните камиони биле подолу и дека имало неколку камиони во серија.

– Нашите беа први камиони, втори беа на општина Сопиште. Изречени се казни и за Општина Сопиште 50 и не знам колку илјади евра и 86 или 84 илјади евра изречена казна на Кисела Вода за одложување на отпад на јавна површина, одговори тој.

Ѓорѓиевски најави дека ќе се разгледа можноста за поднесување на кривична пријава, но не даде точен одговор дали таа кривична пријава би била насочена кон институциите, во случајов, ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје, или ќе биде лично кон лицата за коишто они сметаат дека се одговорни за ова прашање.

Tags: АрсовскаДрислаЃорѓиевски
Next Post

Орце Ѓорѓиевски е дел од проблемот во Скопје, реагираат од СДСМ

Shortcut

Најново

(ФОТО) „Удри на спорт, не удирај по врсниците“: Боксерски вреќи низ Скопје како уметнички крик против насилството кај младите

June 12, 2026

Алиу: Реформите во здравството добиваат европска рамка со приклучувањето кон програмата EU4Health

June 12, 2026

(ВИДЕО) Жерновски: Пари нема, резултати нема – затоа Мицкоски брза на избори

June 12, 2026

Оркестарот на Филхармонија со изведба на „Кармина Бурана“ на 20 јуни во Градскиот парк во Скопје

June 12, 2026

Мисајловски на одбележување на Денот на Воената академија – Создаваме врвен офицерски кадар способен да одговори на современите безбедносни предизвици

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk