Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во изјава за Телевизија 24 го поздрави донесувањето на Законот за јавно обвинителство околу кој се кршеа копјата меѓу власта и опозицијата.
Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески во изјава за Телевизија 24 го поздрави донесувањето на Законот за јавно обвинителство околу кој се кршеа копјата меѓу власта и опозицијата.
„Добро е што се донесе Законот бидејќи во него се гарантира правниот тек на истрагите од Специјалното јавно обвинителство, има поголема финансиска независност од претходно и зајакнување на капацитетите со обвинители. Политичките пораки нема да ги коментирам, ние ќе продолжиме професионално да работиме и во иднина“ – рече Јовески.
Законот за Јавното обвинителство беше донесен во неделата, со мнозинство гласови во Собранието.