ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Спасовски: Националниот фронт за борба против корупција не е нова институција туку механизам за јакнење на системот

July 14, 2023 22:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Националниот фронт за борба против корупција, не значи формирање нова институција, ниту збир од институции кои тоа ќе го прават, туку воспоставување механизам на функционирање на сите подеднакво во целиот тој процес на преземање на активности и отстранување на недостатоците во сите сегменти, во МВР, во Јавно обвинителство, во судството. Едноставно јакнење на системот, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вечерашното гостување во дневникот на телевизијата „Сител“.

– Еве, ние на пример, сега разговараме и преку еден ИПАРД проект во којшто работиме исклучиво за финансиските истраги, и ги согледавме сите недостатоци на нашиот систем. Многу процесни дејствија коишто се преземаат во предистражната и истражната постапка, треба да бидат забрзани, да бидат скратени. Треба да бидеме ефикасни. И најважно од се што е – институциите за спроведувањето на Законот да функционираат под иста процедура, рече Спасовски.

Тој подвлече дека борбата против криминалот и корупцијата нема да биде ефикасна во очите на јавноста, ако тие не го видат крајниот исход. Ако не видиме извршување на пресуда за секој еден криминалец којшто го утврдил судот и ако тој имот којшто го стекнал на криминален начин, нема да биде одземен и вратен кај државата.

– Секаде каде што има пречки на патот од еден ваков аспект, треба да бидат отстранети. Тоа е наша задача, истакна Спасовски.

За случаите на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, за внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, Спасовски рече дека МВР постапува по секоја наредба што ќе ја добие од ЈО и оти нема селекција дали станува збор за актуелен, за поранешен функционер или за обичен граѓанин.

– Така што, и во оваа ситуација ние дадовме информации дека сме постапувале по предмети. И секогаш кога ќе биде побарано од МВР за кого било да се постапува да се собираат докази да се предадат на ЈО, тоа ќе го направиме, нагласи Спасовски.

На прашањето за очекувањата околу уставните измени, Спасовски истакна дека ова е клучниот политички момент не само за исчекорувањето во евроатлантските процеси на Република Северна Македонија, туку генерално на целиот регион.

– Мислам дека сега одредени состојби, геостратешките политики и испреплетувањето на интересите, од една страна покажаа дека Европа не може да биде целосно консолидирана доколку земјите од Западен Балкан не бидат дел од Европската Унија и тоа создаде еден поголем интерес за интеграција на Република Северна Македонија и на државите од регионот генерално и мислам дека тој момент мора да биде искористен. А за да биде искористен не треба само декларативни изјави и кажувања за тоа што ние сакаме и посакуваме како политички водства и генерално политички партии, туку тоа треба да го покажеме пред граѓаните. Мислам дека кога се зборува за национални интереси, а еден од клучните национални интереси е Република Северна Македонија да биде дел од европското семејство тука нема ниту политика ниту политикантство, тука треба да се гледа интересот на државата и на граѓаните, истакна Спасовски.

Tags: МВРСпасовски
Next Post
Напуштени руски тенкови во Украина. Фото: Укринформ

Украински генерал: Војската напредува на југот од земјата

Shortcut

Најново

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

Албанија ја врати легалната индустрија, Македонија сака да ја затвори

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk