Пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ
Јавниот градски превоз во „престолнината“ на Северна Македонија, во Скопје де, на корисниците им дава неколку можности за менување на здравствената состојба, во зависност од индивидуалните состојби.
Во зимски период, наутро се качуваш во автобус на ЈСП, и едвај чекаш да се симнеш, за да фатиш некој сончев зрак бидејќи ретко пуштаат греење, а кога пуштаат, има големи шанси да добиеш благи изгореници на потколениците!
Во летен период, особено сега, во услови на надворешни горештини кои стигаат и до 40 степени според Целзиус, шансите за онесвестување од топлина во автобус, и добивање или влошување на ревматични состојби, или вкочанетост на уво грло нос и рамо од – првото предизвикано од непуштање клима разладување, второто од пуштање на максимум и неможност за регулирање на протокот, поради тотално оштетени вентилациски отвори – се речиси еднакви. Или ќе се шлогираш од топло, или ќе се укочиш од ладно па кога ќе излезеш од автобус, исто ќе се шлогираш од нагла промена на температура.
А надлежните, буба не ги лази. Не се возат со ЈСП…