Изет Меџити синоќа најави формирање на нова партија, кое ќе ја креира со активистите кои 20 години ја поддржувале ДУИ.
Поранешниот потпретседател на ДУИ и актуелен пратеник изјави дека до собранискиот спикер Талат Џафери заедно со пратениците Реџепи и Коџаџику, ќе испрати писмо со кое ќе го извести дека повеќе не се дел од пратеничката група на ДУИ и дека тие тројца ќе дејствуваат опозициски.
И покрај тоа што повеќе нема да е дел од власта, не се исклучува групата на Меџити во Собранието да ги поддржи најавените владини уставни измени, во знак на поддршка на европската интеграција.