ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Членките на ЕУ постигнаа согласност за безбедносните карактеристики на дигиталните уреди

July 20, 2023 10:58
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Земјите членки на ЕУ усогласија заеднички став за безбедносните карактеристики што треба да ги содржат дигиталните производи согласно европскиот Закон за кибер безбедност.

На состанкот на Комитетот на претставниците на владите на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) постигнат е договор за безбедносните карактеристики и барања што треба да ги исполнуваат производите со дигитални компоненти, како што се домашните камери и паметните уреди за домаќинство, телевизори и детски играчки, пред да бидат пуштени во продажба на пазарот во Унијата.

Шпанскиот државен секретар за дигитализација и вештачка интелигенција, Карме Артигас Бругал, чија земја е актуелен претседавач со Унијата, оцени дека постигнатиот договор „ја промовира посветеноста на ЕУ за обебзедување сигурен дигитален единствен пазар“.

– Ова е важна пресвртница за шпанското претседателство и со нетрпение очекуваме да ги почнеме преговорите со Парламентот колку што може побрзо, изјави Артигас Бругал.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, со усогласените правила се воведуваат задолжителни барања поврзани со кибер безбедноста при дизајнирањето, развојот, производството и пласирањето на хардверски и софтверски производи на европскиот пазарот.

Заложбата за постигнување единствени правила на ниво на Унијата е со цел да се избегне преклопување на критериумите што би можеле да произлезат од различни закони поврзани со оваа сфера во земјите членки на ЕУ.

Дигитализираните уреди, согласно договореното, ќе мора да задоволуваат одредено ниво на кибер безбедност кога се продаваат на територијата во ЕУ, со што ќе се обезбеди ефективна заштита на компаниите, институциите и домаќинставата од кибер закани.

Предлогот има за цел да ги надомести празнините и да го направи Законот за кибер безбедност поконзистентен, гарантирајќи дека производите со дигитални компоненти ќе бидат безбедни за користење, а во исто време и да им помогне на потрошувачите да носат соодветни одлуки при набавката на хардверски и софтверски производи.

Овие правила нема да се однесуваат на медицинските уреди, воздухопловите и возилата, бидејќи за нив веќе постојат одредени барања за кибер безбедност утврдени со постојните регулативи на ЕУ.

Усогласените правила на КОРЕПЕР во основа го задржаа општиот пристап на предлогот инициран од Европската комисија, кој предвидува одговорност на производителите да обезбедат усогласеност на производите со барањата за дигитална безбедност, вклучително и проценка на ризикот од кибер безбедноста, декларација за усогласеност, како и соработка со надлежните органи.

Основниот предлог на ЕК на седницата на КОРЕПЕР беше надополнет со амандмани, кои меѓу останатото предвидуваат евентуалните инциденти или пропусти со дигиталните уреди да се пријавуваат до надлежни органи на земјите членки, а не до Агенцијата за кибер безбедност на Европската Унија (ЕНИСА), да се воспостави единствена платформа за размена на информации, декларициите на дигиталните производи да содржат елементи за одредување на нивниот очекуван век на траење, како и да се обезбедат мерки за поддршка на малите и микро претпријатија.

Со постигнувањето на договорот во рамките на КОРЕПЕР се отвора патот шпанското претседателство да иницира преговори со Европскиот парламент за утврдување на конечната верзија на предложената законска регулатива.

Tags: дигитални уредиЕУкибер безбедност
Next Post

САД подготвуваат црна листа со 19 политичари и најавуваат жешко лето во регионот

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk