ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Го фати ли Мицкоски промаја од отворените врати на ЕУ?

Која е „Вистинската вистина“ за Мицкоски? Тоа најверојатно е онаа „Вистинска вистина“ која може да се собере во еден асистентски кабинет добиен од својот татко професор. Тоа е онаа „Вистинска вистина“ која може да се собере во хидроцентрала добиена од својот ментор Груевски. „Вистинската вистина“ на крај, мора да е онаа вистина напишана на една празна чаша што чека да се наполни со сета политичка глупост, злоба и криминал кој извира од дувлото - Белата палата.

March 7, 2020 18:56
in ФРОНТ, ESPRESSO, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Пред само неколку недели, на 16 февруари Мицкоски во својот инспиративен вознес од Белата палата, триумфално порача: „Ова се три години без иднина. Вратите на Европската Унија не само што не ги отворија, туку со неправдите не оддалечија. Секој ден сме се подалеку зошто немаат ниту една вредност која е европска. Ова се три години на свиткана кичма, сменето име, избришан идентитет. На пазарење со најсветото, со историјата и одземање на иднината, трговци!“

Францускиот претседател Емануел Макрон само ден пред тоа, на 15 февруари, изјави дека доколку резултатите од мартовскиот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија и Албанија се позитивни, тој ќе поддржи почеток на преговори за нивно пристапување во ЕУ.

Европската комисјиа пред неколку дена го усвои и објави мини-извештајот за земјава, во кој покрај другото пишува:

„Релевантните тела продолжија да функционираат, истовремено иницирајќи значајни реформи за зајакнување на сопствената ефикасност. Надлежните беа конзистентни во напорите за да ги усогласат правилата за управување на судскиот систем со меѓународните стандарди и најдобрите практики“, се вели во извештајот.

Ваквата одлука на ЕК дополнително ги испобуричка плановите на Мицкоски и во очај, Мицкоски изјавува дека извештајот на ЕК е ЛАЖНА ВЕСТ.

Kоментирајќи го мини-извештајот на Европската комисија за земјава, по средбата со претседателот на Парламентот на Австрија, Волфганг Соботка, Мицкоски рече дека не може да седи мирен пред лажните вести, без разлика каков е извештајот.

После овие налудничави епизоди и хистерични восклици, човекот Мицкоски го губи реалното тло под нозете и е опасен не само по неговата партија, ами и по иднината на државата. Не дека некогаш го имал тлото под нозе, но барем до сега, ако ништо друго, се обидуваше да се воздржи од тие фрустрирачки напливи кои очигледно сериозно го преокупираат. Таквото негово несигурно и на моменти несфатливо однесување пропратено со недостојна гестикулација што секој можеше да ја забележи на неодамнешниот дуел со претседателот на СДСМ на ТВ Канал 5, е во најмала рака загрижувачко. Се сеќавате на оној гест кога Заев му подарува значка од НАТО и МК знаме во знак на помирување дека заедно го изгласале законот за пристапување, а Мицкоски на тоа му возвраќа со празен новчаник Луј Витон. И тука, на таа злобна глупост можеше да застане сè, но не, се оди уште понатаму.

Христијан Мицкоски во емисијата „Еден на еден“

Такво однесување на Мицкоски продолжува од ТВ дуелот, па понатаму, а со добивањето на позитивниот извештај од ЕК и препорака до лидерите за добивање на датум за влез во ЕУ, само се засилува.

На неколку пати во неговата реторика на прес-конференциите може да се забележи употребата на фразата „Вистинската вистина“.

Која е „Вистинската вистина“ за Мицкоски?

Тоа најверојатно е онаа „Вистинска вистина“ која може да се собере во еден асистентски кабинет добиен од својот татко професор. Тоа е онаа „Вистинска вистина“ која може да се собере во хидроцентрала добиена од својот ментор Груевски. „Вистинската вистина“ на крај, мора да е онаа вистина напишана на една празна чаша што чека да се наполни со сета политичка глупост, злоба и криминал кој извира од дувлото – Белата палата.

Се чини како што државава се приближува кон добивањето датум (можно е тоа нели да е и на 26 март), така Мицкоски сè повеќе ќе се вознемирува, сè повеќе ќе ја полни празната чаша со деструктивна реторика и сè помалку ќе може да ја прикрива таа политичка недоветност.

„Јас, пред сè, сум универзитетски професор и педагог и кога како човек го слушам она трас-трас…“, вели Мицкоски во негова изјава коментирајќи го мини-извештајот на ЕК. Мицкоски Христијан во недостаток на аргументи посегнува по неговите професионални титули. Речиси и да не пропушта можност кога ќе се најде во небрана ситуација да нагласи дека тој е универзитетски професор. Навистина е зачудувачки како тој се расфрла со просветната тиутула во такви моменти, но тоа е веќе тема за некоја друга анализа.

Од друга страна Мицкоски има еден неспорен адут во својот ракав со кој навистина може да им стави крај на своите маки – 26 март се приближува, а 12 април е малку после тоа. Тоа се датумите после кои Мицкоски ќе им стави крај на сопствените маки – Мицкоски ќе и стави крај на својата епизодна улога во политиката, која имаше за цел да го подгрева сижето сè додека не се створат услови да се врати главниот негативец од Будимпешта. Но, за жал на Мицковци, замисленото им сценарио не доби посакуван крај. Од ЕУ дува позитивниот ветер, од ЕУ ги отвораат вратите, и од тоа го фати Мицко промаја и му ја искривоколчи уште повеќе и онака искривената политичка му кичма.

После ваквиот развој на настаните, онаа Мицкова чаша со „Вистинската вистина“ на која пишува: „Вистинска вистина е само тоа што ќе кажам јас“, може да ја постави како артефакт и сведок на глупоста во Музејот на Македонската борба, зашто воштениот епизодист Мицкоски, не заслужува ама баш никакво место во Македонската историја, па ни она за негативците.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk