„Пратениците на ДПМНЕ и Левица не гласаа во Собранието за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик. ДПМНЕ и Левица покажаа негрижа и непочитување за македонскиот јазик, како столб на македонскиот идентитет. Врв на срамот за една партија е да не поддржи ниту една одлука за македонскиот јазик“, вели денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
„Мицкоски треба да излезе пред граѓаните, пред македонската јавност, да се извини и да објасни зошто.
Христијан Мицкоски и ДПМНЕ досега немаат направено ништо за македонскиот јазик, немаат направено ништо за македонскиот идентитет.
Бројни примери го потврдуваат тоа.
ДПМНЕ не гласаа ниту за Договорот со ФРОНТЕКС, прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ.
ДПМНЕ не ги поддржаа ниту заклучоците во македонското Собрание за преговарачката рамка, каде е заштитен целосно македонскиот јазик и македонската посебност во ЕУ.
Мицкоски и ДПМНЕ не лобираа и не направија ништо ниту кога Германскиот Бундестаг донесе Резолуција за македонскиот јазик, идентитет и култура.
Тоа се истите оние од ДПМНЕ кои ширеа лаги за бугаризација и асимилација, а не гласаа за македонски јазик во македонското Собрание.
Истите оние кои го нарекуваа Блаже Конески „џуџето од Небрегово“. Тоа се најголемите штетници за државата“, вели, меѓу другото, Каевски.