ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Евробарометар: Мнозинството Европејци сакаат побрзо темпо кон зелената транзиција

July 20, 2023 16:01
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Дури 93 проценти од граѓаните на ЕУ сметаат дека климатските промени претставуваат сериозен проблем со кој се соочува светот, а 53 отсто од нив сакаат забрзување на транзицијата на Унијата кон зелена економија во услови на раст на цените на енергенсите и загриженост за снабдување со гас по руската инвазија на Украина, покажуваат резултатите од новото истражување на Евробарометар објавени денеска.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, според анкетата, 73 проценти од Европејците оценуваат дека цената на штетата предизвикана од климатските промени е многу поголема од потребните инвестиции за зелена транзиција, а 75 отсто се на став дека преземањето мерки за заштита на климата ќе доведе до иновации.

Дури 88 проценти од анкерираните сметаат дека емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина треба да се сведат на минимум, 87 отсто дека е важно ЕУ да постави амбициозни цели за зголемување на употребата на обновливи извори на енергија, а 70 проценти се на ставот дека намалувањето на увозот на фосилни горива може да ја зголеми енергетската безбедност и економска корист за ЕУ.

Од вкупниот број испитаници, дури 93 отсто тврдат дека преземаат индивидуални мерки за заштита на климата и свесно прават одржливи избори во нивниот секојдневен живот, а на прашањето чија е одговорноста за преземање мерки против климатските промени, по 56 проценти ги посочуваат своите национални влади и ЕУ, а 53 отсто бизнис секторот и индустријата.

Над една третина од граѓаните на ЕУ сметаат дека се лично изложени на ризици и закани поврзани со животната средина и климатските проемни, 84 проценти мислат дека справувањето со климатските промени и еколошките прашања треба да биде приоритет за подобрување на јавното здравје, а 63 отсто дека заштитата од влијанијата на климатските промени може да има позитивни резултати за нив.

Со анкетата на Евробарометар за климатски промени, спроведена помеѓу 10 мај и 15 јуни годинава, биле опфатени 26 358 граѓани на ЕУ од различни социјални и демографски групи во сите 27 земји членки на ЕУ. Истражувањето е спроведено по принципот лице в лице со физички посета на домовите на испитаниците или преку видео онлајн интеракција.

Tags: Евробарометарживотна срединазелена транзиција
Next Post

Повторно се разгоре пожарот во западниот дел на грчката област Атика, превентивно евакуирани села

Shortcut

Најново

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk