ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Подобрена ситуацијата со пожарите во Грција

July 21, 2023 10:02
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Рано утрово значително е подобрена ситуацијата со пожарите во Грција, откако вчера попладне имаше разгорувања и во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина и на островот Родос, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос за грчката телевизија ЕРТ објасни дека во овој момент во земјата се активни три пожари, оној во близина на Атина што избувна во понеделникот, вториот на островот Родос и третиот во областа Лаконија на Пелопонез.

Во западниот дел на областа Атика од синоќа пожарот е под контрола, а продолжуваат да интервенираат 300 пожарникари со 120 возила, а од воздух се гаси со три авиони и седум хеликоптери.

На островот Родос со огнените јазици се справуваат 102 пожарникари со четири авиони и два хеликоптери, додека пак на Пелопонез, во пожарот што избувна вчера интервенираат 52 пожарникари со 15 возила и четири авиони.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис синоќа го посети Координативниот центар за операции и управување со кризи, каде што се информираше за ситуацијата  со пожарите во земјата и акциите за гаснење.

Од неговиот кабинет соопштија дека со оглед на тоа што во следните денови ќе има екстремно високи температури во повеќе делови на Грција, што создава услови за нови пожари или повторно разгорување на постоечките, Мицотакис е во комуникација со негови колегите со цел да се обезбеди меѓународна помош  доколку биде потребно.

Паралелно ја одложи денешната посета на градот Каламата и го откажа учеството на Меѓународната конференција за миграција што в недела ќе се одржи во Рим.

Tags: Грцијапожари
Next Post

Британските конзервативци изгубија две стратешки важни изборни единици

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk