Генералниот совет на ДУИ вчера на предлог од претседателот на партијата Али Ахмети го избра Бујар Османи за потпретседател на ДУИ.
Османи застанува на таа позиција како носител на долгогодишно искуство со континуирана посветеност и вложување во принципите на партијата, се вели во соопштението.
Дополнително, Собранието назначило тројца нови членови на претседателството, пополнувајќи ги испразнетите места од лицата што ја напуштиле партијата. Новоименуваните членови се Беким Незири, Илир Хасани и Арта Билали.
Билали како секретар ќе го води Секторот за родова еднаквост.