ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

МЖСПП не склучува договори за нови мали хидроцентрали во НП Шар Планина

July 24, 2023 15:09
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во врска со реакциите за изградба на малите хидроцентрали Пена 84 и Пена 85 на Шар Планина, соопшти дека постапува согласно законските обврски кои, како што наведува, се целосно комуницирани и усогласени со засегната јавност во текот на целиот процес на прогласување на НП Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II.

-Ова е потврдено и со исклучително транспрентниот и инклузивен процес што ја следеше целата оваа постапка. МЖСПП и Владата на РСМ ја ценат исклучителната комплексност на заштитеното подрачје и сестрано го помагаа и ќе го помагаат воспоставувањето на управувачката структура на Националниот парк Шар Планина и системот за одржливо управување со заштитеното подрачје. Во однос на мали хидроелектрични централи (МХЦЕ) во рамки на Националниот парк, Владата и МЖСПП строго го почитуваат договореното, што е правно регулирано со Законот за прогласување на Паркот за заштитено подрачје, зонирањето, како и фактичката состојба. За нови МХЦЕ нема да се склучуваат договори, прифатени како постоечка инфраструктура се само веќе изградените МХЕ. Сите договори за МХЦЕ што се наоѓаат во зона на строга заштита и активно користење се пристапи кон преговори и без разлика во која фаза на процесот се наоѓаат се раскинати вкуно 8 договори и тоа за МХЦЕ Лешочка 100, МХЦЕ Лешочка 101, МХЦЕ Маздрача, МХЦЕ Беловишка 107, МХЦЕ Вратничка 66, МХЦЕ Љуботенска 67 и МХЦЕ Пена 82, во текот на 2021 и 2022 година се спроведени повеќе активности и е постигната взаемна согласност за раскинување на договорите за концесија, на начин на концесионерите да им бидат исплатени само извршените вложувања, без исплата на други надоместоци на штета и камати за уплатените концесиски надоместоци, наведува Министерството.

Дополнително, информира, покрај наведените, постигната е согласност и за спогодбено раскинување на МХЦЕ Шеличе со реф.бр. 91, лоцирана во зоната на одржливо користење, за која не беа почнати градежни активности.

Според МЖСПП, раскинувањето на овие договори ја чини државата 78,423,331 денар.

Во зона на одржливо користење продолжуваат со изградба оние МХЦЕ кои се веќе почнати со градба: Пена 84, Пена 85 и Караниколос 80. Во однос на МХЕЦ Пена 84 не станува збор за нови концесии, туку за продолжување на рокот за изградба на овие МХЕЗЦ кои веќе почанале со градба.

-Продолжувањето на рокот за изградба е предвиден во случај кога Концесионерот е спречен, не по своја вина да ги изврши потребните активности за изградба и пуштање во употреба на малите хидроелектрични централи, при што роковите се породолжуваат за онолку време за колку е утврдено застој кој не е предизвикан од Концесионерот. Продолжувањето на рокот не е поврзано со претходно извршениот пренос на удели, туку со застои во постапките за решавање на имотно правни работи и во други постапки кои Концесионерот мора да ги спроведе за да ги изгради и пушти во употреба централите. Овие МХЕЦ се почнати со реализација пред донесување на Законот за прогласување на Шар Планина, и во Студијата за валоризација се означени како мхце во зона на одржливо користење. Напоменуваме дека овие централи беа предвидени за изградба во група со МХЕЦ 82 – лоцирана во строга заштита и со МХЕЦ Шеличе. Уште во фаза на изработка на Студијата од групата се одвои МХЕЦ 82 за која веднаш започна постапка за спогодбено раскинување, објаснува МЖСПП.

Министерството информира и дека на Јавната установа Шар Планина со допис од 12.10.2022 година и се доставени сите издадени дозволи за користење на вода и одлуки за доделување концесија за мали хидроелектрични централи на подрачјето на Шар Планина, вклучувајќи ги предметните за кои е пројавен интерес.

-Во однос на наводите за извршен пренос на концесијата и неосновано продолжување на рокот за изградба, укажуваме дека Концесијата не е пренесена на друг субјект, останува истиот концесионер Гравис Хидро со непроменети права и обврски во однос на реализација на Договорот. Извршен е пренос на удели во компанијата , тоа не доведува до промена во издадените Дозволи за користење на вода, односно носител на дозволата за користење на вода останува Друштвото за производство и промет со електрична енергија „Гравис Хидро” ДОО Гостивар, како Концесионер кој продолжува со реализација на активностите. Со овој концесионер е постигната спогодба за раскинување на договори за други две МХЕЦ за што постоеше законска основа. Шеличе и Пена 82, наведува МЖСПП.

Во однос на информацијата дека изградбата на оваа МХЦЕ ќе влијае врз безбедноста на системот за водоснабдување на Тетово со вода за пиење, Министерството подвлекува дека пред доделување на постапката за концесија изработило посебна Физибилити студијата за оправданост на доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроелектрични централи на реките Пена и Лешочка, каде се земени предвид зафатите за водоснабдување, количините на вода кои се зафаќаат за водоснабдување, а во постапките се вклучени општините каде се лоцирани сите МХЦЕ опфатени со студијата.

-Зафатот на МХЕЦ Пена се реф бр. 84 е лоциран под зафатот за водоснабдување и оваа МХЕ не може да негативно да влијае на водоснабдувањето. Концесионерот е должен изградбата на објектите да ја врши соглано Дозволата, техничката документација и другите позитивните законски прописи, се наведува во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Мали хидроцентралиНП Шар Планина

НАЈНОВО

Меџити: Владата има стабилно мнозинство, и без Таравари имаме 13-14 пратеници

May 16, 2025

Обдукцискиот наод за пациентот Ведат Адеми доставен до кумановското Обвинителство

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на Daily mail

Тринаесет повредени откако автомобил се заби во публиката пред фудбалски натпревар во Барселона

May 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Зеленски по пристигнувањето во Турција: Руската делегација е застапена од заменски реквизити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Втора полуфинална вечер на Евросонг – 16 земји се борат за место во финалето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk