ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меџити: Спасивме четири животи и испишавме историја во македонското здравство

July 25, 2023 14:59
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ја посети Клиниката за државна кардиохирургија каде е хоспитализиран пациентот кој пред пет дена доби нова шанса за живот по извршената трансплантација на срце.

-Четириесетгодишниот пациент од Скопје, во чии гради сега чука ново срце благодарение на хуманоста на едно семејство, во моментот е во стабилна здравствена состојба. Министерот Меџити изрази голема благодарност до лекарскиот тим и до семејството на дарителот кое го препознало органодарителство како највисок акт на хуманост, соопшти Министерството за здравство.

Меџити истакна дека сме сведоци на историски чин во македонското здравство, затоа што првпат од еден донор беа експлантирани четири органи и четири пациенти добија шанса за поквалитетен живот.

-Сите пациенти во моментот се стабилни и сакам да изразам огромна благодарност, како до хуманото семејство на дарителот, така и до сите здравствени работници. Нашите здравствени работници се големи професионалци кои безрезервно се заложија и успеаја да спасат четири животи, истакна министерот.

Нагласи дека е горд на овој значаен успех во македонското здравство и на сите пациенти им посака брзо и лесно закрепнување.

Како што наведува МЗ во соопштението, Мeџити ги охрабри здравствените работници да продолжат посветено да работат и да се борат за квалитетен живот за секој пациент.

-Свеста за органодарителството расте и се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите на своите блиски во време на голема тага кога губат свој близок. Овие луѓе ја заслужуваат нашата најголема почит, рече Меџити.

Од 2020 година досега имало вкупно 19 донори на органи, а од нив се трансплантирани 34 бубрези, три црни дроба, направена e 21 експлантација на коскени ткива и извршена е трансплантација на девет срца, со што, потенцира МЗ, направен е значаен напредок во здравствениот систем.

Tags: МеџитиМЗ
Next Post

Зендели: Целта на уставните измени е обезбедување на подобра иднина за граѓаните

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk