ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ако опозицијата не гласа за уставни измени, пакувајте куферите

July 26, 2023 10:32
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Љубиша Николовски. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Со последната седница на собраниската комисија за уставни измени станува јасно дека опозицијата нема концепт за иднината на Македонија. Покрај сите очекувања дека десетдневната дебата, предвидена за соочување на аргументите за и против уставни измени, ќе донесе плодна расправа, во која опозицијата, особено ВМРО-ДПМНЕ, ќе ѝ предочи на македонската јавност несоборливи докази или причини против уставните измени, таа  наместо тоа, преку една единствена изјава на координаторот на пратеничката група, истури поплава од неповрзани обвинувања од секојдневниот арсенал на дневнополитички теми и низ плачки за достоинството на македонскиот народ, ја затна устата.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ се потроши во повторувањето на веќе баналната синтагма „измени под бугарски диктат нема да има“ и веќе нема друго да понуди како аргумент зошто нема да ги подржи уставните измени. Аргумент што би го разбрале македонските граѓани, но и европската политичка гарнитура како и американската администрација.

Затоа, наместо ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на Левица Димитар Апасиев максимално ја искористи говорницата за промоција на својата партија и ја преведе „жедна преку вода“ најголемата опозициска партија.

Со неговиот настап стана јасно дека главен идеолог на однесувањето на целата опозиција е тој, Димитар Апасиев и дека тоа не е само пропаганда на СДСМ, туку реалност.

Во „саламата“ како лајт мотив на која се „хранеа“ и координаторот на пратеничката група на ВМРО, Мицевски и веднаш по него и самиот Апасиев, како и стратегијата за неучество во работата на комисијата, се откри заедничката заднинска подготовка за настап на комисиската расправа.

(Апасиев: „На вас применуваат „салама тактика“. Не знам дали не гледате или се правите дека не гледате, дека ве сецкаат на парчиња“, Мицевски: „како салама ги сецкаат и тоа ни го прикажуваат како успех“!)

Разликата меѓу лидерот на Левица, Апасиев, и лидерот на ВМРО, Мицкоски, е во тоа што кај првиот може да се препознае каква-таква  политичката платформа која е препознатлива, анти-ЕУ, анти-НАТО и антиалбанско-„балистичка“, додека кај Мицкоски нема трага од било каква идеологија. ВМРО-ДПМНЕ не им нуди ништо опипливо на граѓаните на Македонија како замена за европската перспектива што им ја одзема, а што би значело опстанок, економски напредок, или животен стандард, освен гол популизам заснован на празни зборови како гордост или национално достоинство.

Велат, надежта последна умира и затоа, до крајот на годината, постои уште трошка, повеќе желба одошто надеж, дека некои или сите во таа партија ќе сфатат што е партиски, а што државен интерес и дека ќе смогнат сили да пресудат во интерес на народот и на своите блиски. Да сторат сѐ, овие граѓани да останат тука во Македонија и како Македонци да патуваат или работат во Европа.

Ако тоа не го сторат, ќе бидеме сведоци на масовно иселување, на економска бугаризација со сѐ повеќе граѓани кои ќе бараат бугарски пасош за да можат да работат за гола егзистенција во европските држави.

Значи, сите кои можете, спремајте куферите и штрафта од тука, зашто оваа држава без европска иднина ќе иструли однатре.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЛевицауставни измени

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk