ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Министрите на ДУИ ги потпишаа оставките и ги доставија до Ковачевски

August 1, 2023 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите министри од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), односно првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерот за финансии Фатмир Бесими денеска преку нивните профили не Фејсбук соопштија дека ги потпишале оставките и ги доставиле до премиерот Димитар Ковачевски.

-Како носител на важна јавна функција, свесен дека благосостојбата на нашите граѓани и нивната иднина несомнено припаѓа во големото европско семејство, имајќи го предвид именувањето на политичкиот субјект на кој му припаѓам и кој начелно се залага за интеграцијата на земјата како во НАТО и ЕУ така и за блиски и продлабочени односи со САД, имајќи го во предвид непристојниот услов на опозицијата за да ги изгласа уставните измени во Собранието, свесен за важноста на интеграцијата и достоинствената иднина на Република Северна Македонија, Почитувам Претседател на Владата, Ви ја поднесувам мојата оставка од функцијата Министер за економија, која ве молам да ка активирате во моментот кога опозицијата ќе гласа за предложените измени во Собранието и истите ќе стапат во сила, пишува во оставките на министрите објавени на Фејсбук.

Тие посочуваат дека се чувствуваат горди и почестени од дадената доверба од страна на лидерот Али Ахмети, Демократската унија за интеграција и граѓаните, како и од довербата на премиерот да бидат дел од реформскиот и интегриран владин кабинет и да им служат на граѓаните.

Министрите од ДУИ на 30 јули најавија дека ќе поднесат оставки од функциите што ќе станат ефективни откако ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.

– Министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција поднесоа оставки од функциите што во моментов ги извршуваат. Оставките, г. премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени, стои во објавата на Али Ахмети на Фејсбук.

Инаку, едно од барањата на опозицијата на лидерската средба меѓу претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ беше да се формира влада во која нема да учествува ДУИ.

Tags: ДУИМинистриоставки
Next Post

СДСМ за американската резолуција: Продолжуваме да работиме на дополнителна меѓународна афирмација на македонскиот јазик, култура и посебност

Shortcut

Најново

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

„Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk