Исланд е првата членка на НАТО која официјално ја прекина работата на својата амбасада во Русија. На почетокот на јуни Рејкјавик ја објави својата намера за затворање на амбасадата, но тоа стапи во сила дури денеска.
Официјални лица, исто така, побараа од Русија да го намали своето дипломатско претставништво во Рејкјавик. Исланд има амбасада во Москва откако се стекна со независност во 1944 година, освен краток период во 1950-тите кога трговијата меѓу земјите беше прекината.
Исланд, сепак, нагласи дека денешното затворање не претставува прекин на дипломатските односи. Исландскиот министер за надворешни работи Тордис Гилфадотир изјави дека обновувањето на нормалните односи со Русија ќе зависи од одлуките што ќе ги донесе Кремљ.
„Сегашната ситуација едноставно не го прави одржливо малата служба за надворешни работи на Исланд да води амбасада во Русија“, се наведува во соопштението.
Како одговор на затворањето, руското Министерство за надворешни работи објави дека тоа ја уништува соработката меѓу земјите, додавајќи: „Секое антируско дејствие на Рејкјавик неизбежно ќе поттикне одговор“.
Г. Т.