ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Софиски „Фактор“ ги открива врските меѓу Орце Камчев, финансиер на ВМРО-ДПМНЕ, и антибугарската реторика на Мицкоски

August 2, 2023 13:20
in PMD, ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Орце Камчев. Фото: МИА

Орце Камчев. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Истражувачката анализа на порталот Фактор.бг од Софија, со наслов „Орце Камчев – темно петно на лицето на Бугарија“, објавена денеска, а пренесена од Рацин.мк, тргнува од констатацијата дека решението на Министерството за финансии на САД да го стави на црниот список за санкции најбогатиот македонски бизнисмен отвора многу прашања не само во Северна Македонија, туку и во Бугарија којашто е членка на ЕУ.

Првата конекција на Камчев со Бугарија, порталот за гледа во предлогот што во 2019 година беше доставен до македонските власти Орце Камчев да биде почесен конзул на Бугарија од тогашната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, силно поткрепен од тогашниот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Предлогот беше бргу отфрлен од тогашната Влада на Северна Македонија предводена од Зоран Заев, пишува Фактор.бг, заради отпочнатата истрага за перење пари, злоупотреба на службени овластувања, шверц и злосторничко здружување.

Таа истрага подоцна, потсетува Фактор.бг, резултираше со отворање на обвинителни акти и судски постапки како што беа „Империја“ и „Рекет“, во кои Орце Камчев е осуден како виновен, а јавноста, пишува бугарскиот портал, го препозна Камчев како „благајникот“ на поранешниот премиер, сега во бегство, Никола Груевски и на неговиот братучед и поранешен шеф на македонското разузнавање Сашо Мијалков.

Камчеви и Мијалкови, потенцира Фактор.бг, се пријателски семејства кои се на власт во Македонија до 2017 година.

Подоцна, Орце Камчев е прогласен за виновен и во предметот „Парцели на Водно“, потсетува порталот Фактор.бг, и прашува во каква ситуација ќе се најдеше Бугарија денеска доколку во 2019 година Камчев беше прогласен за почесен конзул. Порталот пишува дека дури и со ограничен имунитет каков што овозможува статусот, Камчев како почесен конзул ќе го избегнеше затворот во Македонија, а за Бугарија и за тогашната политичка елита тоа ќе претставуваше темно петно на меѓународен план.

Порталот во својата анализа укажува и на улогата на Камчев во актуелните македонско-бугарски односи и наведува дека македонскиот бизнисмен ги помагал клубовите на Бугарите во Македонија, особено на „Иван Михајлов“ во Бугарија со отстапување на простории за користење во Стпанска Банка – Битола, како една од компаниите на неговиот холдинг.

Фактор.бг за улогата на Орце Камчев во влошувањето на македонско-бугарските односи во последните две години посочува на индициите од „протечените“ аудио записи од 2021 година во кои можеше да се чуе разговор на Мицкоски во кој се споменува Орце Камчев. Порталот укажува дека во снимката можеше да се чуе дека Камчев ги платил сметките на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак за возврат партија се бори да не му се суди во случаите на СЈО.

Во врска со финансирањето на политичките партии бугарскиот портал Фактор.бг посочува на изјавата на американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со „црниор список“ на САД и ставањето на Орце Камчев на таа листа, во која таа вели дека со законот Магницки кој му дава основа на американскиот претседател да санкционира, „ги вклучува и оние кои соработувале и биле поврзани во некои од овие активности со лицата кои се санкционирани од Министерството за финансии на САД и тоа може да биде утврдено“.

Фактор.бг во својата анализа ги опфаќа и зделките и конекциите на Камчев и со некои од руските олигарси во Македонија, како Самсоненко, на пример.

Својата анализа порталот ја завршува со листа од 5 прашања за кои ги повикува надлежните да дадат одговори.

За македонската јавност посебно интересни се прашањата 4 и 5. Под број 4, Фактор.бг прашува каква е логиката бугарската држава за свој почесен конзул да предлага личност која финансира и има влијание во партија којашто практикува „пештерски антибугаризам“ и ги блокира односите на двете држави, особено заради фактот што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ лично признава дека Камчев ја финансира неговата партија и кој цела година ги плаши македонските граѓани со „бугарски диктат“, „бугарски фашизам“ и „бугарско негирање на идентитетот“.

Во петтото прашање порталот Фактор.бг ги повикува бугарските специјални служби да ги проверат „допрените гласови“ дека некој во Бугарија добил или му биле понудени 15 милиони долари Орце Камчев да биде предложен за почесен конзул на Бугарија во Македонија.

Tags: „Рекет“бугаријаИмперијаКамчевМакедонија
Next Post

Силата на вредностите на трите Илиндени нека биде со нас

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk