Вкупно 942 терористи се неутрализирани во различни операции спроведени од турските вооружени сили (ТСК) од почетокот на годинава, соопшти турското Министерство за национална одбрана.
-Борбата на турските вооружени сили против сите терористички групи, особено против ПКК/СНА (Курдската работничка партија/Сили за народна одбрана), Исламската држава и ФЕТО (Фетулахистичката терористичка организација) продолжува без прекин и со зголемен интензитет, информира за турските медиуми Шеки Актурк, шеф на прес-службата на Министерството за одбрана на Турција.
Само минатата недела, 50 терористи беа неутрализирани во антитерористички операции во северен Ирак и Сирија. Со тоа вкупниот број на неутрализирани терористи од почетокот на годината изнесува 942 и од 24 јули 2015 година на 38.285, рече Актурк.