Општина Берово ќе упати финансиска помош за непогодите во Словенија, а уште веднаш по поплавите понуди спремност за испраќање посебни тимови за помош и поддршка од локалната противпожарна територијална единица, објави на Фејсбук градоначалникот Звонко Пекевски. Оттаму нагласуваат дека Берово и беровчани никогаш нема да ја заборавават словенечката помош за време на пожарите.
„Советот на Општина Берово на дешената седница, едноглавно, со 15 гласа ЗА, изгласа финансиска поддршка од 200.000 денари за настраданите граѓани од поплавите во Република Словенија. Средствата од изгласаната помош ќе бидат уплатени на посебна сметка на Црвениот крст на РСМ наменета за помош на настраданото население во Словенија. Дополнително Општина Берово уште веднаш по поплавите понуди спремност за испраќање посебни тимови за помош и поддршка од локалната противпожарна територијална единица доколку тоа е потребно. Противпожарни друштва од Словенија беа од огромна помош во огромните пожари пред две години во Малешевијата и таа помош и поддршка на граѓаните на Словенија никогаш нема да ја заборавиме. Општина Берово ја следи состојбата во Словенија и доколку е потребно е спремна да понуди и други видови помош на нашите пријатели“, се наведува во објавата.